ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА

На конститутивната седница на Советот на општината со мнозинство гласови за претседател беше избран Дејан Проданоски. За него, претседателската функција е можност да се придонесе во развојот на Прилеп. Проданоски истакна дека преземањето на обврските, односно позицијата претседател на Совет или прв меѓу еднаквите ќе ја исполнува во целост и дека дадената доверба ќе ја оправда со конструктивна работа, сериозни предлози и добри одлуки во интерес на сите граѓани.

– Ветувам дека како претседател на Советот ќе ги запазиме сите законски прописи, ќе работиме во согласност со Статутот на Општината и Деловникот за работа. Седниците на Советот ќе бидат отворени за сите граѓани и ќе бидат дадени на пошироката јавност за да бидат следени во живо. Тоа е предизборно ветување. Како претседател на Советот, ќе се заложам тоа да се случи. Ве поканувам во иднина на секоја седница на Советот, особено претставниците на седмата сила, медиумите, да не следат, да бидат наш коректор – истакна претседателот на Совет, Дејан Проданоски.

Тој додаде дека овој советнички состав ќе биде запишан во историјата на нашиот град, како еден од најуспешните, односно Совети кои донесле најдобри и најконструктивни одлуки за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и подобрување на условите во градот.

Loading