Во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” за денот на градот, две недели е отворена изложба на дела од 13-та ликовна колонија Дрен 21. Точно 20 дела ќе бидат предизвик за културно доживување. Се претставува дел од ликовното творештво на сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ. Духовна надградба се доживува и со скулпторите на Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.