ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (116) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со влегувањето во колективот во есента во 1949 година се отпочна така нареченото организирање на раководен одбор за во задруга за службен кадар администратор книговодител. За таа административна работа беше одреден продавачот на селската коперација основана во 1947 година Велјаноски Ристев Благоја испратен на тримесечен административен курс во Тетово. По завршувањето и враќањето на Велјаноски од Тетово Благоја ја презеде сета административна одговорност во Работната селска задруга Велјан Новачески се до нејзиното расформирање во месец април во 1953 година. За коператор влезе да биде Ѓорѓијоски Димитрија Јоноски. Само за кратко до пролетта овци стрижеше во 1950 година.

За божикните и новогодишните празници обичаите се спроведуваат како и до тогаш со посета на црквата со Коледе и Василица со музика на Коледе и Василица. Коледарите и василичарите весели со запален оган на сред селото подарени со булина на коледе и колбаси на Василица со богата трпеза за божикните празници. Со весела музика на сред селото разиграни играорците со сите ора, па и куцаното. Го нема најмладиот гајдаџија Петрески Алексо Бабјак отиден е во ЈНА за да го отслужува воениот рок.

Средселото беше весело од другите гајдаџии како од Петрески Ванѓел Бабјак, Петрески Димитрија Бабјка, Павлески Јованче, Велјаноски Благоја и Ѓорѓијоски Димитрија. И покрај сета веселба на младите на средселото, постариот кадар на домаќинствата беа позагрижени во тоа што сета домашна стока, волови, говеда и овци отидоа во колективен имот. На секое домаќинство како приватни овци му остана по пет овци. За приватните овци имаше одредено приватен овчар. А зобна храна преку зимата секој стопан си ја зобаше својата стока, се мисли на овците.

На сета крупна стока, волови, говеда, биволи му беше сменето нивното стално живеалиште од домаќинство до домаќинство. Луѓето гледаа жалосна глетка. Нивната стока да лежи во туѓи пондила. Ако си дојди дома мора да ја врати, да ја напади. Срце не му дава тоа нешто да го стори. Но, таа замена не издржа подолго време во тоа што Павлеските биволи Чакре и Мале беа заменати со Танеските биволи од крстевци Брешко и Кузман. А додека биволите од Јованоски Илија Крушка беа заменти со биволите од Атанасоски Ристе Танески. Освен овие четири домаќинства што имаа биволи, други биволи немаше во Марул.

Една вечер павлеските биволи Чакре и Мале си дошле дома кај Павлевци Јоновци домаќинот Трајан без да ги забележи биволите ги затворил во нивната пондила. Ништо не приметил ни со очи ни со мозоко чии биволи затворил. Таневци Крстевци ги пречекале нивните биволи Брешко и Кузман и ги отерале кај Павлевци Јоновци и прашале дали се дојдени нивните биволи поради не си дошле дома кај Таневци. Трајан Павлески одговорил да затворил еден пар биволи, но не забележа чии биволи ги затворил. Ги одтвориле пондилата и внатре биле затворени Павлеските биволи. Од таа случка се согласиле да и стоката си го бара родното место живеалиштето. Се донесло одлука стоката повеќе да не се заменува по куќи.

За новата година 1950-та во нашето училиште имаше приредба од учениците. Тогаш влеговме за прв пат, училницата беше накитена со бина за приредбата. Во средината на училницата на душемето имаше заковано едно дабче кое беше наките во разни бои книжни патлики. Штотуку помина Василица или суро низ селото кај нашите комшии ќерката на Ристе и Петра Јанкоска Алтана умре на дваесет и седум години мажена за Ѓекоски Пецо од с. Путурус, на кого му остави две малолетни деца, Нада на четири години и Гоце на една година. Алтана по кратко боледување почина во болницата во Битола. На 17. 1. 1950 година умрената Алтана ја донесоа кај Јанковци во Марул, татко и Ристе го урна мртовечкиот ковчег од запрежната кола и го внесе сам дома. Наредниот ден Алтана беше погребана во Марул во пределот на Јанкоските гробишта

За верските денови машки и женски Водици немаше свирка. Повеќето жители од селото се Јанкоски и Танески роднини по татко и Ристе и по мајка е Петра на Алтана. Народот покрај оваа неволја со Алтана имаше и друг проблем како ќе биди ораганизирано тоа ново колективно групирање. Селото се подели по маалата во три бригади. Западното маало го нарекоа Прва бригада, средното маало го нарекоа Втора бригада, јужното маало го нарекоа Трета бригада. Секоја бригаде си имаше свои бригадири кои ја носеа програмата за работа на бригадата издадена од Управата на колективот.

Штотуку се потпишаа марулци за влегување во колективот автоматски целокупната жива пријавена стока подпадна под државен имот. Државните власти по наредба најверојатно од Белград смислија една идеја наречена нарјат, се нафрлија на крупната стока, кој има повеќе оде ден ѕевгар волови му беа дел одземени. Така да Велјановски Ристе имаше два ѕевгари волови, му фрлија 3000 кила месо да ги предади на државата во месец март 1950-та година. Му одзедоа три вола за да дополни за одредената сума даде уште една домашна крава наречена Мешла уште две прикупи.

Јанкоски Ристе имаше два ѕевгари волови, трите му ги одзедоја. Велјановци и Јановци тогаш броеја над десет членови во домаќинството. Јанкоски Богдан имаше два ѕевгари волови, двата му ги одзедоја. Новачевци имаа дв аѕевгари волови, едниот ѕевгар му го одзедоа. Колески Веле од двата ѕевгари волови едниот му го одзедоја.

Во полето излезе полската работа, малските аргати преку своите бригадири со плановите од Управата ја завршуваа полската не размислувајќи како своите родители дека го губат приватниот цапитал идејќи си со песни и весели џагори и смеа за дома. Овде нема да заборавиме да нагласиме да Таневци домашното членство му броеше 24 члена. Имаа два имаа ѕевгари или пет запрежни волови. Трите волови му ги одзеде државата, му остана еден ѕевгар, биволите Брешко и Кузман.    

Продолжува

Loading