ОПАЛЕНА ДУНДА

На сопружници им снемале брашно. Како побрз, мажот го товарил  магарето со жито да го однесе за мелење на воденица. Чекал ред со денови. Никако да го сомели житото, оти имало многу навалица. Домаќинката го прашала мажот кога ќе биди сомлено житото. Мажот одговорил:

-Кога ќе ми дојди редот.

Жената се поднасмеала понижувачки:

-Не можеш еден товар магарешки да сомелиш, а камо ли да сомелеш коњски товар или запрежна кола со брашно. Јас, дове­че­ра, женски ќе донесам коњски товар со брашно!

Мажо го товарил коњот со жито и ја испратил жената на воденица. По неа мажо го фатил патот прекутрупа. Пред нејзе отишол кај водени­ча­рот и му рекол:

-Воденичаре, дај ми поверение да ги слушам муштериите што ќе зборуваат за тебе!

Воденичаро се согласил. Му дал брашнави алиш­та и отишол дома.

Едно време дошла неговата жена со житото. Го растоварила и му рекла на воденичарот:

-Со мажот дома немаме ронка брашно. Можеш ли денеска да го сомелиш овој товар?

-Житото ќе го сомелам, само едно онадување пред мелење, едно додека се мели и едно откако ќе се сомели.

-Прифаќам, само да се сомели. Мажот ми ме онадува и кога никаква работа не ми врши, а ти таква работа ќе ми свршиш, не те одби­вам.

Жената не го познала мажа си. Како што се договориле, така сториле. Си го товарила жената коњот со брашно и тргнала онадена дома.

Мажот ги пресоб­лекол воденичарските алишта, се облекол, како утрото, го зел истиот пат, си дошол дома пред нејзе и чекал. Стасала жената весела. Го растовариле брашното, а мажо ја пофалил:

-Браво! За сé те бидува. И брашно сомле!

Вчерта í рекол на жената:

-Жено ќе легнам надолу со главата. Ако нешто си на­пра­вила со воденичарот кога го мелеше брашното, дундата преку ноќта нешто ќе проблада, ќе кажи.

Мажот лежел надолу со главата и наслушувал:

-Еве кажа. Еднаш воденичарот те онадил пред да го тури жи­тото во кошот, уште еднаш кога го турил житото во кошо да се мели. И третпат те онадел откако го сомлел брашното.

Жената се зачудила. Погодил. Лута и бесна на дундата оти кажала, се заканила. Ја зела машата усвитена во жаро да ја гори ,,предавничката,,. Ја до­бли­жала меѓу нозете и почнале влакната да горат, да чврчорат, а задникот од страв да не го зафати огнот и него му попуштиле муску­лите и сторил –  ,,трт, трт,,!

А жената му вели:

-Газе не тебе, туку на оваа пустиња што кажува!

После тоа на жената никогаш не í пораснале влакна. Останало голо местото на малото усте или, како што го викаат, петловата кикиришка. Додека на газот од страв му останало траума. Попуштал и прдел од страв.

Loading