ГРАНДИОЗНИОТ ОБЈЕКТ ПО 50 ГОДИНИ СТАНУВА МОДЕРЕН ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР

Зошто во Гимназијата уште 2 месеци ќе се учи на далечина

Иако до 1 ноември првично требаше да завршат градежните зафати за реконструкцијата на гимназиската зграда, за уште два месеци се пролонгира наставата со физичко присуство. Причината е обемноста на градежните зафати. Според првиот човек на најстарата образовна институција во градов од далечната 1949 година, Димче Настоски, учениците второто полугодие ќе го започнат во комплетно реновирана училишна зграда.

Проектот, вреден над милион евра, кој го реализира Министерството за образование, задоцни уште од стартот.

– За тоа зошто доцнеа градежните активности и не се искористи перидот додека наставата беше он лајн со ковид кризата, причината е самата тендерската псотапка. Иако беше распишана во декември 2020 година и требаше со сите процедури во согласност со законот за јавни набавки, постапката да заврши во март и од 1 април да се почне со работа, почна “чудна игра”. Жалбени постапки, потоа првостепена, второстепена комисија и сé дојде до Управен суд со што се развлече постапката 4 месеци. На 26 јули се потпиша договорот меѓу инвеститорот, Министертвото за образование и изведувачот Ибопод. Наместо на 1 април, работата почна на 3 август. Тоа се причините за доцнењето. Гимназијата нема вина, а ни пречи на сите, и на учениците, и на родителите и на наставниците. Почнаа граджните активнсти, но се дојде до ситуација дека Гимназијата е огромен објект што не може да се заврши во толку краток период. Како наставнички совет и училишен одбор побаравме продолжување на наставата од далечина до завршувањето на првото полугодие. Тоа ни беше одобрено од ресорното министерство и од градоначалникот. Очекуваме учениците второто полугодие да го започнат со физичко присуство. Изморени сме од он лајн настава, но поради безбедност на децата не можеше да се дозволи настава во објектот кој нема прозорци, а започнува грејната сезона. Не можеше динамиката да оди со посакуваното темпо – објаснува Димче Настоски, директор на Гимназијата “Мирче Ацев”.

Се работи со зголемен интензитет на рекоснтрукцијата. Компелтно се реконструира фасадата со најсовремени методи за термоизолација, се менува дограмата која 80 отсто била од поставувањето во 1949 година.

– Паралелно се изведува и втората инвестиција, изградбата на новата котларница на нафта и природен гас со средства од Министерството за животна средина и од ЛС. Од Локалната самоуправа добивме средства и за чистењ ен ацистерната з анафта која не е исчистена од 1978 година. Има тедерска псотапка за канализацијата и пренасочување на вододводот, како и за партерно уредување на асфалтниот дел од дворот – објаснува Настоски.

Комплетно се менуваат условите во Гимназијата што дава простор за задоволство.

-Целокупните инвестиции се над еден милион евра, што не се случило. Конечно се реновира најстарата училишна зграда, најелитната средношколска институција. Пред 20 години се обидов да го направам тоа, но поради одредени недоразбирања, не се успеа со реконструкција. Ете дојде време сега тоа да се изведува. Во постапка сме да се обезбедат уште средства со ребалансот на буџетот за внатрешно уредување од околу 500 – 600 илјади евра за реновирање на ѕидовите, подовите, вратите скалите, ходниците. Министертвото ветува дека ќе се одобрат средства напролет за да почни реновирањето – објаснува Настоски.

Намалувањето на наталитетот и миграциите во странство резултира и со намалување на бројот на учениците во Гимназијата. Средното стручно образование станува поатрактивно, но, како Гимназија, се обидуваат да привлечат квалитетни ученици и се прават напори за подобрување на нагледноста во образовниот процес.

Лифт за деца со посебни потреби

Се преуредува подрумскиот простор каде ќе се добијат 4 нови училни простории. Се прават два нови санитарни јазли во подрумскиот простор, се гради санитарен јазол за деца со посебни потреби на сите 4 катни височини и се монтира лифт за деца со посебни потреби.

Loading