АНТИБИОТИК, АНТИОКСИДАНС – ЧИСТИ КРВОТОК, НАМАЛУВА ХОЛЕСТЕРОЛ…

Босилек

Постојат многу причини зошто босилекот треба почесто да се додава во јадењата. Ароматичната билка има зелени листови кои одлично одговараат во бројни медитерански јадења.

Постојат многу видови босилек различни по изгледот и вкусот. Поседува изразени антиоксидантни својства. Со редовна исхрана, се обезбедува здрав живот, заштитен од слободните радикали, кои предвреме ги стареат клетките и се причина за некои видови рак. Еден од антиоксидансите е бета-каротенот, кој во телото се претвора во витамин А. Тој спречува оксидација на холестеролот, а со тоа го штити срцето и крвните садови. Бета каротенот е и  превенција за астма, потоа остеоартритис и ревматоиден артритис, кои се појавуваат поради делувањето на слободните радикали. Босилекот содржи и доста витамин Б6 и магнезиум. Витаминот Б6 спречува таложење на штетни супстанции, а магнезиумот го јакне кардиоваскуларниот систем и делува превентивно против инфаркт. Со релаксирање на мускулите и крвните садови, овозможува подобар проток на крвта и го намалува ризикот од аритмија. Маслото од босилек одлично го јакне имунитетот. Листовите поседуваат антибактериски и антисептички својства. Се користат за лекување на бактериски инфекции.

Се препорачува користење на босилекот колку може повеќе во кујната. Се додава на крајот од готвењето за да се сочува вкусот и својствата. Пожелно е да биде свеж, бидејќи има посилен вкус. Најпознатото јадење е пестото “Џеновезе” кое содржи зелен сос од босилек, пињоли и пармезан. Од свежо сечкан босилек со лук и маслиново масло се прави одличен сос, кој е прилог на разни јадења, особено тестенини, ориз или брускети. Од босилек се приготвува и студен десерт. Се сечкаат листови од босилек, се додава лимонов сок, сок од шеќерна трска и вода. Смесата се лее во модли за коцки мраз. Кога смесата ќе се замрзне, со блендер се меле и се служи како леден десерт. Се приготвува и освежителен чај со сечкање на една рака листови од босилек, се преливаат со чаша врела вода. Се остава осум минути поклопен, па процедува.

Loading