УКРАДЕНО ОРУЖЈЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ

Од просториите на фабриката за наменско производство Еурокомпозит  во државна сопственост, украдено е оружје, меѓу кое се четири боеви рачни ракетни фрлачи без муниција, еден школски рачен ракетен фрлач од истиот тип, една школска Зоља и 4 кабли долги 40 метри.

 Според работниците, направен е вакум еден месец со повлекување на полицијата.

-По кражбата, пак е донесена полиција за обезбедување. Инаку, обичните граѓани не знаат ниту каде се магацините, ниту како да се влезе таму – вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот.

Работниците тврдат дека во фабриката без струја има уште оружје и муниција. Во пушкарницата имало и пиштоли, и пушки, и муниција, и околу 800 средства против оклопни возила.

Останати се уште 35 работници, кои две години не одат на работа и немаат никакви примања. Работниците не се надеваат дека некој ќе ја купи фабриката.

Претходно се украдени други вредни предмети како трафостаницата.

Loading