Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери беа на дводневна средба во Будимпешта, со добавувачи на прехранбени производи од регионот, каде претставник имаше и Витаминка. На средбата се најдуваа нови брендови и производи, потребни за меѓународна дистрибуција на големите синџири и брендови.
На годинешната средба беа застапени повеќе категории, од кои во голем дел Витаминка има свои производи, како закуски, зачини, кондиторски производи, додатоци за храна, суви намирници како и бебешка храна, конзервирана храна, млечни производи, сезонски производи и замрзната храна.
Следејќи ги новите трендови во исхраната, од големите малопродажни синџири сé повеќе се бараат производи специфични гурмански, етнички, здрави, органски – био и растителни.
Средбите меѓу бизнисите се одличен начин за проширување на извозот, поврзување со водечките купувачи или за истражување на можностите и капацитетите на поширокиот пазар.