ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (114) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Петре Ацев и во нашето село Марул оснивал комитет во состав Јанкоски Ристе за војвода Јовчески Ристе за секретар и благајник Ристески Ристе Мурџески за курир и Петрески Велјан Бабјак за стражар. Нашите марулски ученици често пати биле навредувани како бугараши поготово Богоја и Томе дека нивните дедовци имале некоја политичка улога во комитетот на ВМРО во с. Марул.

Провокацијата против марулските ученици од ден на ден била се почеста и поактивна жалбата од марулските ученици упатена до просветниот кадар многу не поможило трпението, прекипило и дошло до физичка пресметка помеѓу провокаторите и навредените. Тогаш се замешал и просветниот кадар од училиштето. На сета речено политичка провокација марулските ученици за сигурно за своја безбедност безбедност го напуштиле своето школување во Тополечкото основноосмогодишно школо и се вратиле во с. Марул.

Мурџески Богоја и Павлески Коле отидоа во Прилеп на занает. Богоја учеше приватно за терзија, шнајдер. А додека Коле учеше за колар за правење запрежни коли, двајцата се стекнаа со занаети.

Петрески Томе Бабјак остана в село, работеше земјоделец на поодминати години се пресели фамилијарно во Прилеп. Купи коњи, шпедитер, работеше. Ристески Киро Танески со времемто се здоби со возачки категории возеше камион, вработен беше во Црвени стени во Прилеп. Од нив четворицата жив е уште Танески Киро.

Со ваквите провокативни напади над марулските ученици не се виновни учениците провокатори него нивните учители добиле домашни раскажувачи дали биле улични раскажувачи. Грешката е во тоа што Петре Ацев оснивал комитети вон ашите краеви под милом или силом не требало да се премолчи ни тоа што Петре Ацев го извлекол од дома претседателот на општина Тополчани во глувата ноќ на еден разговор меѓу Тале и Петре. Ако ова го знаеле провокативните сигурно ќе се позамислеле и ќе биле ублажени потценувањата или пак воопшто немало да има провокации против марулските ученици.

После разделбата помеѓу Петре и Тале Петре со водачите Гроздан Шијако и Павле Кебакоски отишле во с. Клепач за Петре се сретнал со неговиот стар пријател Цветан Матески. Прашал Петре за Цветан, мештаните клепачани му кажале да Цветан загинал во Паралово во четата на Ѓорѓи Сугаре, Петре се позадумал со наведена глава и рекол, Цветане Бог д ате прости, ти знајш во која лежиш, јас не знам каде ќе ги оставам коските и се расплакал.

Во месец април бугарската армија навлегла во Вардарска Македонија, српската администрација се распадна, се распаднала и тополечката општина. Претседателот на Тополечката општина Тале Шикле се сокрил во Битола. Бугарските агенти го отриле, го фатиле, покрај сите тортуре и мачења кои биле вршени над Тале Шикле го осудиле за стрелање. Кога требало да биди Тале Шикле поништен сепак џелатите го прашале да ја кажи неговата последна желба. Тале Шикле на џелатите, сака да го види загоранецо Јанчески Крсте за кого Тале го сметал Крсте за најголем непријател како бугараш.

Џелатите бугарски го послушале Тале од Битола го донесле во с. Веселчани и го врзале за стожерот мојсоски. Го донесле агентите Крсте Јанчески во гумното мојсоско во Веселчани. Крсте го видел Тале измачен од тортуре, одчовечен. Крсте на агентите му рекол, Тале не заслужува да биди поништен затова тој нема човек ни накодошено, ниту пак убиено. Тој како претседател седеше в канцеларија. Него да ги пронајдите кодошите тие што му кодошеа него.

Џелатите на Крсте му одговориле, ние не ги знаеме неговите агенти кодоши. Крсте се поднасемал и му рекол, многу лесно ќе ги пронајдите тие што кодошеа до вчера за Тале Шикле се истите денес кодошат за вас, тие се безгревници, само си го гледаат својот интерес. Ороспијата не гледа личотија, си гледа интересо.

Крсте Јанчески му рекол на џелатите, Тале не заслужува убиство. Џелатите не се согласувале со предлогот на Крсте, треба да се почитува одлуката на судот Тале мора да биди убиен. Јанчески Крсте за време на Илинденското востание во 1903 година, а бил учесник во борбата. За тоа негово учество како сведоштво добил документ со личен потпис од претседателот на Крушевската република Никола Карев. Крсте го извадил документот, била картичка и му го покажал на целатите. Откако го прочитале документот извршителите за извршената пресуда над Тале преку телефонски разговор од џандармерската станица од с. Алинци контактирале до судството во Битола, се донесло одлука осудениот на смрт Тале Шикле се помилува од смрттна казна и се пушта на слобода.

Во една прилика во разговорот помеѓу Тале и Крсте, Крсте на Тале му рекол, абре Тале ни тие вчера што си замина беа твои нити овие што дојдоа вчера се мои. Се ситат од двете страни што ние меѓусебно што си ги вадиме очите со тоа тие не држат како нивни измеќари. Ако беше за убиство Петре Ацев кога ве извади од дома и ве однесе горе на брегот пред дваесет години да убија Тале одговорил, нас Тополчанци ни го натуре Тоде студена вода таква идеа добиена од школата во солунската гимназија.

Сепак најголем виновник е агата за политиката во Македонија рекол Тале Шикле. Наместо домашното македонско население да му дади национално право, тој ги пушти туѓите надворешни пропаганда да го распарчуваат македонскиот народ и со нивна помош самиот ага ги убиваше македонските родољуби. Надворешните политички пропаганда кога ја добија својата моќ на агата му удрија клоца во задникот и си ја поделија нашата родна татковина и ни оставија вечен аманет да се мразиме самите себе си и да не можиме и не смееме да си го кажиме своето национално битие. Рекол самиот Тале во разговор со Крсте. Ако во случај да беше ликвидиран Тале Шикле од бугарските ненародни власти Тале ќе се величеше како голем народен човек. А додека Крсте му го спаси животот ни збор не се напиша а двајцата се Македонци и по националност и од две соседни македонски села со православна македонска вера и исповест.       

Продолжува

Loading