БИДЕТЕ ДЕЛ ОД СОВРЕМЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА И НАПРАВЕТЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ВАС И ЗА НАЈБЛИСКИТЕ

Дејан Јанкулоски, носителот на советничката листа на Интегра – македонска конзервативна партија

Драги мои прилепчани, сограѓани роднини и пријатели, се ближи денот кога сите ние треба да излеземе и да го дадеме својот глас за локалните избори на 17 ти октомври и нормално да го направиме нашиот избор кој е најдобар за нас, но и ” Најдоброто за Македонија”.

Како носител на советничка листа од страна на ИНТЕГРА – Макеоднска конзервативна партија ви посочам неколку работи.

1. 27 советници во Општина Прилеп мора да бидат, од сите нас зависи составот на советот при Општина Прилеп и изборот за Градоначалник.

2. Во наши раце е изборот за својата и иднината на своите деца.

3. После направениот избор, нема враќање назад.

Како советник во советот на општина Прилеп, тврдам и одговорно стојам дека во Прилеп и населените места во следните 4 години на чело со ИНТЕГРА ќе се случат драстични промени кои нашите граѓани ќе ги почувствуваат во првите 100 дена.

Имаме проекти кои ќе создадат иднина и просперитет за Прилеп и Општината ќе прерасне во најголема енергетска зона. Прилеп ќе биде единствен во светот со белата боја на својот мермер како во блокови, така и во преработен мермер. Прилеп и понатаму ќе остане со водечкото место на производство на тутун и цигари. Прилеп е единствениот град на Балканот каде што имаме 270 сончеви денови во годината, но битен податок е и тоа што Прилеп е единствениот град во Европа кој има специфичен агол на зраците од сонцето кои се погодни за повеќе намени. Не случајно тука го имаме и институтот за семенски материјал кој долго време тапка во место. Тоа мора да се промени.

Слушам некои кандидати за советници божем ќе се откажеле од својот паушал и ќе го донирале во разни цели како на деца со посебни потреби. Би рекол дека е гревота да се поигрува со чувствата на тие ранливи категории на наши сограѓани и деца и дека локалната самоуправа треба да застане целосно во нивна заштита и да им се обезбеди нивното право загарантирано со уставот на Македонија и да им се обезбеди најпотребното.

Само два дена нé делат од најдоброто за нас. Ве охрабрувам да бидете претпазливи во изборот како за советници, така и за градоначалник. Црнобелата слика во Прилеп час поскоро мора да исчезне. Бидете дел од оваа современа револуција и покажете дека можете да направите нешто повеќе за вас и вашите најблиски со заокружување на бројот 20.

Стојам пред вас одговорно како за себе така и за сите вас дека ќе се борам за правично и чесно работење на администрацијата која ќе биде целосен сервис за граѓаните.

Ех, само кога сите политичари би биле Богобојазливи луѓе, тогаш ќе излезе на површина човечноста, чесноста и правилното работење.

Ви посакувам Божја помош и благодат.

Loading