ВИТАМИНКА НА БИЗНИС СРЕДБА ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери беа присутни на дводневна средба во Будимпешта, Унгарија со добавувачи на прехранбени производи од регионот, каде што со свој претставник имаше и Витаминка.

Целта на средбата е да се најдат нови брендови и производи потребни за меѓународна дистрибуција на големите ланци и брендови. На средбата беа застапени повеќе категории, од кои во голем дел Витаминка има свои производи, како закуски, зачини, кондиторски производи, додатоци за храна, суви намирници како и бебешка храна, конзервирана храна, млечни производи, сезонски производи и замрзната храна.

Следејќи ги новите трендови во исхраната, од големите малопродажни синџири сé повеќе се бараат производи специфични гурмански, етнички, здрави, органски-био и растителни.

Средбите се одличен начин за проширување на извозот, поврзување со водечките купувачи или за истражување на можностите и капацитетите на поширокиот пазар.

vitaminka 2

Loading