Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Граќаните се соочуваат со недостаток на паркинг простор во центрот. Проблем кој го попречува секојдневното функционирање, проблем кој мора и ќе биде решен! Ова главен проекти на чие реализирање ќе почнам веднаш по стапувањето на функцијата градоначалник!
Монтажните катни гаражи се еден од водечките проекти кои даваат одговор на проблемот со паркинг на секој граѓанин.
Поставени на атрактивни и лесно достапни, добро познати локации за граѓаните, на неколку минути одење пешки до старата градска чаршија и центарот. Ќе бидат поставени кај споменикот Карпалак, пред Кам маркет, на постоечкиот паркинг простор. Втората ќе биде зад Градска кафеана, а третата меѓу Општината и Поштата.
Несомнено, паркинг просторот стана еден од главните фактори за успешноста на многу гранки од стопанството. За жал, проблемот со паркинг простор е најизразен во центрот каде е концентриран поголем дел од јавниот живот и најголем дел од јавните институции.
Монтажните катни гаражи во центарот во голема мера ќе влијаат на повторното заживување на старата чаршија која последниве години беше оставена речиси без можност за паркирање или отцепена од центраот заради немањето слух за дуќанџиите. Тие ќе овозможат искористување на паркинг простор на неколку нивоа (еден или два етажи), а со тоа и зголемување на бројот на паркирани возила, блиску до бараната дестинација. Така ќе се ублажи недостигот на паркинг на брз, економичен и ефикасен начин, применет скоро во сите развиени градови.
Прилеп во наредните 4 години ветувам дека ќе стане современ, модерен град со решена инфраструктура и решени сообраќајни проблеми.
ИНФРАСТРУКТУРНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЧАРШИЈАТА
Трите клучни инфраструктурнпроекти се монтажни катни гаражи во центарот, инфраструктурна реконструкција во Старата чаршија и реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов Ченто”.
– Трите ударни и приооритетни мои проекти ќе бидат: реконструкција и уредување на плоштадот „Методија Андонов Ченто” на потегот од ОУ „Кочо Рацин” до споменикот на Пеце Атанасовски, обезбедување на паркинг простор и средувањето на Старата прилепска чаршија, со реконструкција на улиците, плочникот околу нив и подземна и надземна инфраструктура за доброто на сите дуќанџии – изјави Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата,.