СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАВОЈ ЈА БАЗИРАМЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Горан Сугарески, кандидат за градоначалник во Прилеп од редовите на СДСМ

Го имаме концептот „Најдоброто за мојата општина”, со кој Прилеп прераснува во посакувано место за живеење, со висок квалитет на живот и задоволни граѓани.

Најдоброто за Прилеп, значи општина со модерната и урбана инфраструктура, со нови бизнис можности, со силна зелена агенда за почиста животна средина, со ефикасна администрација, со реализирани младина и општа благосостојба. Најдоброто за Прилеп, е концепт од граѓаните за граѓаните. Стратегија за развој на нашата општина, која ја базираме на потребите на граѓаните, на нивните идеи и размислувања за сето она што е најдобро за градот и населените места.

Во таа насока, како најважни и приоритетни проекти од мојата изборна програма, се: уредување на влезовите во градот; булеварски решенија на главните сообраќајници, реконструкција и изградба на патната инфраструктура и нови паркинг места; ружен тек кај новата автобуска станица; уредување на Градска река – Дабнички канал; семеен парк Прилеп – зелена оаза за релаксација и рекреација.

Доаѓа време кога целото мое стекнато знаење и искуство, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. Мојата животна филозофија е да обединувам, не да делам.

Ќе бидам градоначалник на сите граѓани. Граѓанинот ќе биде на првото место во мојата работна агенда. Во непосредна комуникација заедно ќе одлучуваме за сите прашање од интерес на нашата општина.

Рамка1: ПОГОЛЕМ БРОЈ НА ИЗДАДЕНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ

Генералниот урбанистички план ја  дава рамката за развојот на градот во следниот 10-годишен  период. Носењето на ГУП е од подеднаква важност како за граѓаните, така и за стопанските субјекти, бидејќи со неговото, и со усвојување на од него произлезените Детални урбанистички планови, се стимулира изградбата на стопански, индустриски и енергетски градби во општината. Сето тоа значи поголем број на издадени одобренија за градење и директен приход за Општината од наплатен комунален надоместок. Исклучително важен сегмент при носењето на Генералниот урбанистички план претставува реализација на планираната инфраструктура: сообраќајници со коловози,  велосипедски патеки, пошироки тротоари и зелени површини во населбите. во напредна фаза е постапката за донесување на Детални планови за 30 населени места во општина Прилеп, со што за прв пат создаваме услови за урбанизација и планско градење во руралните средини.

Loading