КРЕАЦИИ НА ЗОДИЈАК

На летната сцена при ЦК ,,Марко Цепенков, на 8 октомври од 19 часот.  Танц студиото Зодијак ќе направи ,,прошетка,, на последните креации, создадени во пандемија или во ,,Црна кутија,, што е познат синоним за културните работници. Презентацијата е плод на соработка со Интимен театар од Битола.

-Се произведоа серија на кратки инсталации, видео материјали и телото на изведувачот како посебен објект на набљудување и истражување. Крајната презентација – ,,Танц на филм,, – е сублимат на сите активности и интервенција во просторот во Прилеп и во Битола – велат Зодијак.

Претходно успешно се остварија работилници во доменот на школата за кореографи, кои опфатија работа на танц, музика, тетар и филм.

Loading