Белешка
Се сретнавме случајно, неочекувано, а се знаеме од поодамна. Случајот сакаше средбата да биде во тесна, мала уличка во градов, каде што нема густ сообраќај. Немаше многу возила и можеби затоа си поприкажавме подолго време.
Прво го прашав, пријателски.
-Дали го попишале?
А, тој веднаш, дури малку подвикна и ми врати.
-Да, ама не на српски, ами на северномакедонски! Она што го нарекуваат попис е џабе трошење на пари. Се што ме прашаа, а не ме прашаа многу, дури и ич, ништо, само им го кажав матичниот број. Ме најде попишувачот, чупето, во лаптопот. Му реков веднаш стегни на сејв-ас и готово! Сé имаш забележано, сите податоци мои. Не требаше да се трошат пари, ами само електронски од базите, институциите се знае за сите нас. Како знаеја да се јавуваат од полиција за казни, ако бевме излезени, а не требало, оти сме биле болни од ковид. Ова сето е марифетлаци, а се знае за што и за кого и како. Сé се врти околу парите, човече!
Се доближи, па морав да се подиставам. Малку замолча, како да ми дозволи да го прашам.
-До каде сте и што сторивте?
Не кажав, пријателот беше пратеник во еден од поранешните мандати, парламентарни состави.
-Цел мандат мислев за коалицирањето, до каде се со подготовките за локалните избори! А сега, ништо! Се распаѓаме?
-Како бе?
Ми се стори како да ми се врекна.
-Така шарено, гледаш до каде стигнавме како држава? Сé е гнило и сé е тргнато по пари. Знаеш?
-Мислев како партија?!
-Формиравме комисија, одбравме кандидати за градоначалник и за советничката листа. Кога ,,одозгора,, од централата стигна ,,депеша,,. Овој ќе биде кандидат, а овие за во листата? Шо можевме? Заќутевме! Слушај брат, нема политчки парии во ова наше општетство, македонско. Тие се политички бизнис друштва! Сé е свртено само да се одберат бизнисмени, да се добие сега локалната власт, за да се добиваатбизнис тендери, вработувања и сé што оди со таа ,,турлитава,,. Сé почнува од локалната власт, општината. Таа е основна клетка за големите бизниси – дофрли на заминување!!!
К.Р.
![]()

