КАКО ПРЕКУ ОПШТИНАТА СЕ ИСПУМПУВААТ НАШИ ПАРИ ДО ЛОКАЛНИ МОЌНИЦИ

ЛЕВИЦА  – ЛО ПРИЛЕП:

И покрај Државната агенција за вработување, Општината Прилеп и речиси сите јавни претпријатија склучуваат “Договори за јавна набавка со приватни агенции за вработување, за набавка на услуги за привремени вработувања”.

51,5 милиони денари (838.796.00евра) пари од општината се префрлени на една ваква фирма за една година. Фирма за услугата ќе си наплати 7 отсто фиксно од бруто платата на секое лице што го застапува со што граѓаните се оштетени со општо-штетен договор и до 58.000 евра за една година кон само една фирма. Префрлањето на средствата со кои ќе располага приватната агенција, општината го извршувала унапред за цела година со што и фантом-фирма со еден вработен може да биде вклучена во игра.

Сезонска работа, работа на проект, привремено зголемен обем на работа.. се неколку ставки под кои многу наши сограѓани се надеваат дека ќе бидат работно повикани макар и без решение но за корка леб. Ги држат без решение, под притисок ги уценуваат да гласаат за одредена политичка партија.

Loading