ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност

Директорката на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, Кети Смилеска, додели решенија за признавање на образованието на 20 медицински сестри. Направен е чекор за подобрување на статусот на здравствените работници.

– Медицинските сестри се еден од столбовите на здравствениот систем. Со искуството, знаењето и експертизата значајно придонесуваат за подобрувањето на исходот во лекувањето на пациентите – се зборови на министерот Венко Филипче. Препознаен е квалитетот и признаена е професионалната квалификација во насока на идентификување на професионалците во здравството, како што се медицинските сестри. Во овие времиња на справување со пандемијата, здравствените работници одиграа важна улога  –  истакнаа на ФБ страницата од Општата болница.

Ова е потврда дека во болницата владее клима за грижа за човечкиот капитал со признавање на вложениот труд во стекнувањето на академската диплома. Одговорноста е посилна во остварувањето на задачите, соодветно на образованието.

Loading