ГО ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАПОЧНАТИОТ ТРЕНД ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Моника Грашеска – Илиеска, носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата:

 

Нудиме ново функционално и естетско уредување на енергетско – ефикасни фасади на станбени згради во централното градско подрачје, но и во станбените населби во останатите делови од градот. Од причина што покривите на јавните објекти кои се во сопственост на Општина Прилеп не се променети повеќе децении, започнуваме со нивна замена со фотоволтаични покривни конструкции кои ќе произведуваат електрична енергија за самите објекти, согласно трендовите на „Зелената агенда” за Западен Балкан.

За потребите на ЈКП „Комуналец”, планирана е набавка на специјални велосипеди со корпа за отпадоци, како и поставување на подземни контејнери за одлагање на отпад, со можност за негова селекција.

Loading