Советниците на општинскиот Совет ја усвоија проценката на штетите од невремето на 21 јуни при што настрадаа земјоделските посеви со различни култури, особено со јачмен и тутун во селата Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци, Клепач Веселчани, Подмол и Шелеверци. Претседателот на Комисијата за елементарни непогоди, Жарко Северкоски информира дека биле поднесени 279 барања. Невремето уништи род на 1085 хектари, вредни 61,3 милиони денари.
Советниците разгледаа и други прашања од интерес на граѓаните.