ВЕДРИНА ВО ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник”, заедно со градската библиотека и Лаг Агро Лидер организираа настан “Со љубов и грижа за старите лица”, каде преку поетско читање се овозможи едночасовно уживање во стиховите од познати творци од македонската литература.                                            

Заедничката соработка на јавниот и граѓанскиот сектор насочена кон подобрување на животот на лицата – штитеници во домот за стари лица овозможи уредување на дворната површина во Домот за стари лица со поддршка на Лаг Агро Лидер, а библиотеката донираше книги со цел да го доближи македонското литературно творештво до постарите лица.

Loading