Во трите последни пожари за еден ден изгореа покрив од куќа, дел од работните простории на СОУ ,,Ѓорче Петров,, и куќа за одмор кај селото Мало Коњари. При гаснењето е повреден еден пожарникар и е направена голема материјална штета.
Пожар избувнал во работилницата по пракса и магацинските простории на СОУ ,,Ѓорче Петров,, при што огнените јазици предизвикале тешки последици по основните средства, просторијата и материјалите. Пожарнкарите успеале да ја зауздаат стихијата да не се прошири.
Два други огна пеплосаа покривна конструкција на куќа во населбата Марино маало и викендичка кај селото Мало Коњари.
Противпожарната екипа го спречила распламтениот оган да не се развие, туку да се локализира навреме, покрај тоа што два пожари биле истовремено.