РЕВИЗИЈА НА РАБОТЕЊЕТО ВО ИЗМИНАТИТЕ 4 ГОДИНИ

Borce Jovceski - kandidat za  gradonacalnik od VMRO-DPMNEДр. Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Др. Борче Јовчески на промоцијата на политиките  истакна дека е спремен да работи за сите оние кои го сакаат Прилеп.

-Прва идеја ми да работам со ентузиазам и да придонесувам за сите кои го сакаат Прилеп, за сегашните и идните генерации. Сум имал можност да го напуштам градот, но тоа не одговара на мојот карактер. Мото е ми е дека каменот си тежи на местото! Зарем има поубаво место за еден прилепчанец, од местото во кое се родил, низ чии улици пораснал, низ чии школски клупи другарувал, од местото во кое живеел и дејствувал? Најдобро е кога се ангажираш за своите сограѓани – истакна Др. Јовчески.

Тој, како градоначалник, ќе направи пресек, ревизија на целокупното работење во минатите 4 години на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Недозволиво е да не бидат функционални новите прескапи автобуси и да се прашуваме дали прочистителната станица работи или не.

Јовчески вети дека Прилеп ќе го претвори во зелена оаза и ќе ги стесни бирократските лавиринти. Административните потреби на сограѓаните да се завршуваат во рекорден рок.

Loading