ПЕНЗИОНЕРСКИ ЕКСКУРЗИИ СО ДВЕ ДОЗИ

Пензионерите можат да организираат екскурзии и да патуваат заедно по протоколи само со две примени дози од вакцините. Ова е нагласено на последната седница на Извршниот одбор (ИО) на Здружението на пензионерите од Прилеп. Членовите на ИО го прифатија календарот за екскурзиите и другите пензионерски средби. Утврдени се термините за учество на спортските игри каде прилепската асоцијација ќе биде домаќин на регионалната смотра на 1 септември.

Заради пандемијата, одредени непотрошени средства се насочени за подобрување на состојбата на семејствата на пензионерите со ниски примања, а ја прележале болеста. Со дел од средствата се набавени прехранбени и хемиски производи на неколку стотини пензионери. а имаат ниски пензиски примања.

Ќе треба да се причека отворањето на пензионерските клубови.

ИО се запозна со претстојното литературното читање во спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово на  3 септември по повод 100 годишнината од раѓањето на Конески и 75 годишнината од пензионерското организирање  во Македонија. 

Се планира годинава да учествуваат над 300 пензионери на традиционалниот пикник на 20 сепетмври кај манастирот Прилепец.

Прифатен е финансискиот извештај за првите шест месеци, при што е оценето дека се работело домаќински и средствата се користени наменски.

Loading