МЕШТАТА ОСТАВИ МЕНАЏЕРСКИ БЕЛЕГ НА ПРИЛЕП

Наместо ин мемориам

mesta

Пред 40 дена, на 91 годишна возраст, почина Методија Костоски – Мешта (1930-2021). Бил еден од најуспешните прилепски менаџери, визионер, спортски работник, широкограден човек, хуманист, џентлмен. Со вештите менаџерски зафати и стручни и визионерски способности ја крена компанијата Металец од обична задруга во гигант не само во Македонија, туку и во Југославија и Европа.

По вработувањето во фирмата Механичар на 25 години, по 6 години формира нова задруга Напредок. Потоа заминал во тогашен Трудбеник во стечај. Ја продава својата кола Шкода и со четворица вработени работи на делови за земјоделска механизација. Трудбеник го прекрстиле во Металец, со асоцијација на метална индустрија. Во 1972 г. била изградена новата хала на Металец  наспорти Партизанка каде почнува развојниот бум.

Во современите услови, веќе околу 300-те вработени тргнуваат во освојување на пазарот. Договорени се поголеми објекти со челични конструкции. Меѓу првите е спортската сала од Тутунски Комбинат, погонот за Стоби флипс во Витаминка, термоцентралата во Косово, Какањ во Босна и други објекти. Се ределе објектите како, РЕК-Битола, па електраната во Бор, многу објекти. Склучен бил договор со холандската Воскам за градба стакленици за раноградинарски производи во Македонија, во Струмица, Свети Николе, Охрид, Битола, Скопје. Произведени биле и монтирани 48 хектари стакленици. Круна биле мостовите за Виетнам и Бурма, кои биле извезени. Паралелно се обновувала механизацијата со дигалки и автомати за варење на челичните конструкции да се одговориле навремено на предизвиците. Со добар раководен кадар, со квалификувани, бравари, монтери, лимари, Металец се модернизира и специјализира за челични конструкции. Се набавило автоматско заварување на челични конструкции за побрза и поефикасна работа и дигалки од Јапонија, од кои една од 70 и другата од 150 тони, единствени во Македонија.

mesta 1

Старосната граница на работниците била 23 г. Водени од стручни и одговорни луѓе. Металец ангажирал 600 работнци. Платата на Мешта била 30-та на списокот. Работниците заработувале многу повеќе од директорот. Затоа Мешта велеше – ,,Не знаевме што да му правиме на парите,,. Се помагало за плати на сите фирми. Поради тесните канцеларии, се кренала и новата управна зграда, една од најубавите во Македонија.

Преокупација на Мешта му била високата плата на работниците, теренските додатоци, вкусни оброци, заштитата на работниците и дисциплината. Помагал во градбите на домови на работниците и решавање на нивните семејни проблеми. Така Металец станал големо семејство со сплотеност, а плод на тоа биле високите ефекти од работата.

Методија Костоски – Мешта, претставува пример и легенда за модерен менаџер, препознаен и како фудбалер и љубител на Победа. Играл во ФК  Гоце Делчев, па во Попбеда. Бил и претседател на Победа.

Loading