ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ДРЕН 2021

Тринаесетотот издание на традиционалната ликовна колонија Дрен 2021 ќе се одвива од 19 до 25 јули во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Освен што ќе творат сликари, годинава дела во метал ќе создаваат и скулптори. Се проширува повеќегодишниот континуитет со уште една уметничка гранка преку која ќе се пренесува слободата на духот.

Ќе учествуваат 11 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска, Александра Петкова, Буба Солак,  Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески. Во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Создадените креации наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот за култура.

Loading