ВЕРУВА ВО БОГ И ВО – СУДБОНОСНИ БРОЈКИ

1Живот: Пиргано (71), човек кому не му треба ни име ни презиме

-Бројката се добива според денот, месецот и годината на раѓање

Нема ден, празник-делник, во лето или зима, во топло или студено, да не го сретнеме низ центарот на градот. Така со години, децении. Точно име и презиме? Сака да го викаат само по прекарот, Пиргано. И ништо друго. Ниту име, ниту презиме, оти сите знаат кој е, од врапци, муви, младо, старо…

Од 71-годишниот животен пат се издвојува како некогашен печалбар во Германија и во многу други држави. Одлично зборувал германски, што може да биде и професионален преведувач. Знаел и француски, италијански, грчки, турски… Секогаш скромно облечен. Вели дека облеката не го прави човекот. Потребни се часови  да се открие дел од овој човек. Сака да говори за нумерологијата.

– Со астрологија, нумерологија и математика се занимавам повеќе од 60 години, од дете. Животот е во бројки. Верувам во Бога и во судбоносните бројки, оти секој има свој број, кој се добива ако се соберат цифрите од денот, месецот и годината на раѓање. Па, од вкупната бројка на цифрите се соберат да се добие едноцифрен број. Пример: 12.11.1974 е 1+2+1+1+1+9+7+4=26, потоа 2+6=8. Осум е судбоносниот број – објаснува Пиргано.

За него, нулата е тркало. Требало 360 години да се смисли луќето да не носат товар на рамо и да се мачат. Тркалото се движи напред – назад. Јајцето е како тркало. Почнуваш од нула, а дали ќе тргнеш напред зависи со кого  си во животот.  Оти се имаат само две рала пријатели, едниот ти ја кажува вистината в очи, а другиот ти ласка. Првиот вели: Немој да пиеш, не чини! Вториов – само така продолжи!

– Единицата е како првата буква – А. На олимпијада се зема злато. На трка меѓу 40, само еден победува, можеби за стотти дел од секундата, ама тој го зема медалот, оти е  најсилен, ја предвидува ситуацијата, кога, каде, како, зошто…Во прашање  е дарба, ум… Ама е на нишан, му љубоморат. Наместо да му честитаат, го оспоруваат – го толкува вториот симбол.

Двојката била како пајка. И мраз, и пекол, ги поднесува сите климатски Самостојна е. Не í е поттребна гума за спасување. Секоја работа, добро ја осмислува. Дарба. Финансиски не бара многу. Поради овие карактеристики, многумина имаат завист, љубомора. Им е криво оти сама опстанува. 

– Тројката е половина осумка. Дар од Светото тројство – Таткото, Синот и Светиот дух. Ако е со црта, претставува форма како жена трудница. Тројката е плодоност. Заштитена од Господа – ја кажува судбината на овој знак.

Ч етворката е посилна од седумката. Се верува дека за седум дена Бог го создал светот, но астрологијата познава пролет – лето – есен- зима. Четворката е  четирите годишни времиња. Секој квартал дал по четири, атоа се 12 апостоли. Најсилна бројка. Сите убавини на едно место.

2– Петката е петокрака, а околу круг од 360 степени. Тркалото врти и дарува. Не е комунистичка петокрака, туку математичка, од самураите. Ние викаме манастир, а тие шаолин каде се учат вештини 4-5 години. Колку повеќе вештини, толку поголема титула, до самурај кој ја  користи петокраката со конче во дупчето. Така еден самурај совладува 200 војници. Во црквата христијанска кога Исус го викнал Петар да ги нахрани луѓето, само 5 лепчиња биле, а полно народ. Настанало првото чудо од Исус. Лепчиња се намножиле и сите се нахраниле. Затоа се пее петтолебие – поучува Пиргано.

Шестката е ѓаволски број. Привидно е во форма на жена трудница. Човекот со шестка, бил во опасност, оти со него командува ѓаволот. Се извлекол, како Сизиф што качувал карпа на планина. Сепал, шестката од аутсајдер, може да стане победник во животот.

– Седумката е поврзана со Господ. За 7 дена го создал светот. Тае  е добротвор, кој сé го интересира, чита, дознава, нема што не може да направи. Не прави штетаникому. Седумка сум – открива нумерологот.

Осумката симболизира две крукчиња, како парови. Очите се за добро да се гледа, а носните отвори за едобро да се мириса. Двете уши се за добро да се слуша, двете рамења, двете раце, двете нозе, два гради, два бубрега, Претпазливоста е пожелна за овој знак.

– Деветката е нула, посилна од првата нула. Означува крај. Нема повторување. Зависи животниот напредок и зависи кога ќе биде крајот. Деветката обратно свртена од шестка, од ѓаволска бројка – нагласува Пиргано.

Темпераментен, динамичен. Секој ден низ градо, минува по десетици километри. Не се уморува. Брзо оди.

Ако некој побара да му го протолкува судбинскиот број, секогаш е подготвен да застане.

3Верник кој дава совети

Пиргано наутро е благодарен на Бога што ја минал ноќта жив и здрав,а навечер што го минал денот.

 – Важно е како се влегува и излегува од црквата. Пред капијата треба да се прекрстиме, а потоа со левата нога да исчекориме кон дворот. Лева, значи од срце. Така и при влезот в црква. Се повторува и при излегувањето – советува Пиргано.

Љубител на опера

Пиргано е голем љубител на уметноста. Нема промоција на книга без негово присуство. Сака и опери.

– Со душа чекам да гледам опера. Најомилен лик – фигаро, берберот кој го бричи царот. Најударното е кога царот вели ,,Фигаро, јас сум во твои раце, немој!,, го моли. Тоа е огромна поента – царот војски го чуваат, а од еден никаков се плаши. Бербер, ама најсилно оружје носи.

Loading