СО ЕБРР ЌЕ СЕ ПОДОБРУВА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

jovanoski i EBRR

Градоначалникот Илија Јованоски остварил средба со претставникот на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРР), Јан Џенингс. Разговарано е за можностите за соработка меѓу општината Прилеп и ЕБРР, првенствено во изработката на проекти за функционални сообраќајни решенија за градот, категоризација на улиците и повеќе паркинг места, за подобар и поефикасен јавен превоз во градот и населените места.

Разгледан е начинот на кој ЕБРР може да се вклучи во развојот на ваквите проекти во Прилеп, со фокус на ,,зелената,, мобилност и одржливоста во јавниот транспорт. Во наредниот период ЕБРР ќе предложи студија за реализација на проектот, првенствено на подобрување на условите во јавниот превоз.

Loading