ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (101) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Колески Марко загина во 1916 година, бугарски војник во местото Ушице покрај Битола. Неговата жена Грозда Јованоска умре, оставија три деца сирачиња Спаса, Анѓеле и Цветанка. Анѓеле умре, Спаса и Цветанка преживеаја.

Павлески Трајан оженет за Сирма Кржеска подмолка. Трајан си доаѓа од фронтот дома, живи не ги наоѓа, ниту жената Сирма, ниту детето Павле.

Мурџески Боне оженет за Аргида Велкоска чумовчанка. Боне загинува, српски војник во 1915 година на реката Дрина, жената Аргида останува вдовица, а додека малата Ивана сирачка.

Мурџески Стојан оженет за Темјана Јоноска марулчанка. Стојан, бугарски војник пуштен од фронтот на домашно лекување, умрел дома. После него умрела и жената му Темјана, децата Видан и Баже останаа сирачиња, без двата родители.

Мурџески Цветан си дојде од Фронтот, се ожени за жена со име непознато од кајкиовци од с. Шелеверци. Само што се врати Цветан на фронтот, таа умре и името не и го научивме.

Кормак Тале маковец, домазет за Мара Голабоска во Марул. Од големи рани добиени на фронтот пуштен бил на домашно лекување, умрел дома во 1917 година. Неговата жена Мара останала вдовица додека малата Крста останала сираче, пред тоа умреле Благуна и Василка. Куќата Талева се празнела.

Талевиот внук раненико Кормак Најдо загина во 1915 година на реката Дрина, нема гробнина.

Стојаноски Илија Котески си дојде од фронтот со куршум во главата. Жената Елена Бозгеска штавичанка дома жива не е најдена, само го најде детето Стојан.

Наумчески Велјан Танески си дојде дома од фронтот на домашно лекување. Пред тоа му умре жената Божна Мицоска штавичанка. Велјан не се излекува. Децата Ордан и Димко останаа сирачиња без двата родители.

Загинати марулски војни во Првата светска војна 1914 – 1918 година

Српски војници:

1.Атанасоски Стојчев Сребре Танески 1892 – 1914;

2.Гулабоски Стеванов Огне 1867 – 1915;

3.Гулабоски Огнев Трајче 1888 – 1915;

4.Дојчиноски Каранфилов Стојан 1888 – 1915;

5.Мурџески Митрев Боне 1883 – 1915;

6.Кормакоски Талев Најдо 1889 – 1915.

Бугарски војници:

1.Здравески Јошев Крсте 1875 – 1916;

2.Јованоски Ѓорчев Анѓеле 1883 – 1917;

3.Колески Бошев Марко 1884 – 1916;

4.Јанкоски Ѓорчев Трајан 1894 – 1918;

5.Кормакоски Маковецо Тале 1876 – 1916;

6.Мурџески Јованов Стојан 1882 – 1917;

7.Танески Ристев Велјан 1876 – 1916;

За три години не се слушна пискот на гајдите на средселото, ни оро се слушаше, само пискот и лелек, покрај војниците умираа и домашните луѓе, болни и гладни. Умрените во Марул поради немаше млади луѓе погребувани беа од стари изнемоштени дедовци во помош со помлади жени.

Адетите со свеќи палење се правеа на гробовите, едно немаше свештено лице, а и друго црквата беше претворена во германска воена болница со троспратни кревети за лечење на ранети војници од по фронтот.

Откако заврши војната во 1918 година оштетените бракови од војната почнаа да склопуваат нови бракови, вдовици со вдовци за да го продолжат во една нормална мирна иднина.

1.Јованоска Анѓелејца Петра се премажи за Јанкоски Ристе, склопија брак со по две деца. Петрини деца: Мара и Димитрија, додека Ристеви деца се Велика и Ладе.

2.Гулабоска Огнејца Магда не се премажи, остана вдовица при нејзините преживеани три деца Најдо, Новаче и Младен. Таневци и Гулабовци стари, престари светијоновци.

3.Домазетицата Гулабоска Мара се пресели со малата Крста во Прилеп. Таму се премажи за Димески Ристе од с. Црничани, умре од глад. Гробнина нема. Очувот Ристе се врати во Црничани со Крста паштерката ја порасне и ја омаже за Ристе Кузумо во с. Дедебалци.

4.Дамјаноски Јован се прежени за Кузманоска Менка од Волкосело, наново створија ново потомство.

5.Дамјаноски Стојан, Јованов брат се прежени за Неданоска Делоска Андоница Митра кокречанка од с. Штавица со три деца сирачиња Крсто, Блаже и Ристе две Стојанови Васка и Милан покасно Борачо.

6.Здравеска Крстејца Мара Лопатичанка Степаноска се премажи во Тополчани за Анѓеле, набргу тој умре, Крстејца со детето марулско Стојан се премажи во с. Егри, битолско.

7.Јанкоска Трајаница Сребра марулчанка вдовица слободно се премажи за Митре Дурашоски во с. Добрушево.

8.Мурџеска Бонејца Аргида чумовчанка остана вдовица со едно дете Ивана. Бонејца си го зеде детето Ивана и се премажи за Маркоски Павле во с. Ерековци.

9.Мурџески Цветан се прежени за Бозгеска Цветаница Трајана од с. Штавица, двајцата без потомство од првите бракови. Трајана е бончанка од Стојковци.

10.Стојаноски Илија Котески се прежени за Вршкоска Велика од с. Ерековци. Илија од првиот брак го има детето Стојан.

11. Павлески Трајан се преженил за Макалоска Трајаница Цвета од с. Г. Коњари Кутлешеска, си донесе две деца од првиот брак, Јованче и Игне.

Откако се направија овие нови бракови од вдовици и вдовци се народија деца лека по лека тагите од војната почнаа да се подзабораваат. Почна да се прават крштевки, свадби, мажење и женење на пораснатите девојки и ергени.

Ние со брат ми Ризо уште живеевме во заедница, направивме први свадби во селото во 1919 година ги оженивме нашите деца, Мице мој и Трајан Ризо. За нив направивме и првичиња.

За празникот Божик и Водици на средселото писнаа гајдите на Божин Котески, Стојко Колески, на Петре Павлески, на Велјан Бабјак. Покасно се приклучи и Боше Колески кој во војната ги изгуби синот Марко, снаата Грозда и внучето Анѓеле. Сите го советуваме Боше, сите сме оштетени од војната. Таа не се враќа, ниту за нас, ниту за тебе.

Гајдаџиите поред сите ора што ги свират, го свират и орото Куцано.

Меѓу постарите ораџии и ораџици беа видени и млади ергенчиња кај машкото оро и млади чупи кај женското оро. Некои веќе играат, некои се учат.

Нашиот сват Димитрија Чакмакоски од с. М. Рувци гледајќи ги марулските луѓе на средселото за денот Водици женски развеселени, разиграни со ора и песни ни вели, свату Стојче и Ризо вашето средсело денес е весело исто како на Голем петок, градски Велигденво Прилеп. Ама имате и добри гајдаџии затова имате и добри ораџии и ораџици.

Таа година 1919 за прв пат имаше собир после 1914 година. Сето беше прекинато поради војните, рече во неговото кажување Танески Стојче.

Продолжува

Loading