ДИГИТАЛНИ ПЕЧАТАРСКИ УСЛУГИ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ФИРМИТЕ

БМ ПРИНТ

BM Print

Прилепчаните Мартин Мартиноски и Филип Кочоски ортачки се втурнаа во бизнис водите, стартувајќи со сопствена компанија БМ Принт за печатење и печатарски услуги. Нудат комплетна програма за маркетинг според потребите на компанијата. Професионален дизајн и дигитален печат. Се потпреле на богатото искуство секој во својата област, водејќи се до девизата дека дигиталниот печат е побарувачката на пазарот со квалитетна и навремена испорака. Стартувале во октомври 2019 година. Во услови на пандемијата со Ковид 19, кога многу фирми пропаѓаа или им опаѓаше работата, започнале храбро да го освојуваат пазарот и да доаѓаат до нови потрошувачИ, односно компании. Едниот имал искутво со маркетингот, а другиот со печатарските услуги. Заедно се здружиле, давајќи максимум секој во својата бранша. Печатат секаков вид хартија и рекламен материјал.

– Работиме дигитален печат. Во време кога количините и тиражите се намалуваат, наша таргет група се фирмите со многу артикли, а помали количини. Односно услуги кои за големото производство, односно печатниците би биле со многу повисока цена. Нудиме и дизајнски решенија според потребите на коминтентите – објаснуваат од БМ Принт.

BM Print 1

Печатат визит карти, плика со лого на фермата, флаери, мениа, каталози, брошури, постери, брендирани календари, самолепливи етикети, фолии за излози. Изработуваат 3Д стикери во секаква форма, печатени на водоотпорна фолија, изработени со високо квалитетна смола, отпорна на механички оштетувања. Квалитетно печатат текстил, памучни маици, поло маици, тренерки, полиестер (маици, дресови) и работни униформи. Како и цела палета н арекламен материјал, печатат чаши, наливи, запалки.

-Експедитивноста и ниските цени се нашата предност. Односно цени за помали количини. Тренд е едноставниот дизај. Сепак е личен вкус и потреба на компанијата. Соработуваме со компании за текстил, прехрана и фармација и надвор од Прилеп. Соработуваме и со други печатници. Предноста на дигиталниот печат е изработка пред договорениот рок. Целиот процес е брз – велат од БМ Принт.

BM Print 2

Иако имале потешкотии со пандемијата на почетокот, успеале да се изборат со квалитетот и пристапната цена која е пресудна за бизнис зделката. Но, нивни бизнис партнери се сериозни фирми со етаблирани производи и услуги.

Печатат и фотографии на канвас. Големината на сликата ја одредува муштеријата и веднаш може да ги закачат на ѕидот.

ПЕЧАТЕЊЕ НА КНИГИ ПО ЖЕЛБА НА АВТОРОТ

– Печатат секаков вид книги, од подготовката до финален производ. Количините не се пречка и можат да бидат од 50 примероци па нагоре. Цената за печатење на една книга зависи од димензијата, бројот на страниците, видот на хартијата за внатрешни страни. Печатот може да биде колор или црно бело. Вршат и  доработока на корицата. Заради заштита се користи пластификат (мат или сјаен), на корицата на книгата или монографијата. Пластификацијата на корицата е нужна од причина што монографиите најчесто се изработуваат во тврд повез исто како и дел од книгите кои имаат поголем број на страници за поголема трајност. Поврзувањето на страниците на книгите најчесто се изведува со топло лепење на биндер или во тврд повез (книги и монографии), па потоа се вкоричуваат – лепат. За монографиите се користи хартија кунздрук, мат или сјаен, во опсег од 80 до 170 гр., а корицата најчесто е колорна и изведена во тврд повез со или без надкорица.

BM Print 4

Освен книги и монографии, принтаат и магистерски трудови со дигитален фул колор печат на 80 гр. копирна хартија или 115 гр. сјаен кунздрук. Тврдиот  повез може да биде во различни бои – плава, црвена, бела… Корицата може да биде златна , сребрена…

Loading