БУЈРУМ, ПРЕТСЕДАТЕЛЕ!

Земјоделско тескере за Пендаровски за протестот на Петровден

Protesti na tutunarite

 

Земјоделците, организирани во асоцијациите Жолто тутунско злато, Тутунарска мака, Тутунари земјоделци, Тутунска надеж, со писмо го поканија претседателот на државата, Стево Пендаровски, да им се придружи и да ги поддржи на протестот на Петровден на 12 јули во Прилеп. Поканата се должи на индолентноста на сите други институции кои не сакале да им излезат во пресрет на нивните барања.

Земјоделците се жалаат кај шефот на државата дека се доведени во крајно незавидна финансиска ситуација поради незаитереситаноста на владата и министерстото за земјоделие шумарство и водостопанство за решавање на нивните проблеми како и пробивањето на сите законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците. Оценуваат дека немаат повеќе партнер за разговор. Поради тоа се приморани да организираат протест на 12 јули пред зградата на општината Прилеп од 10 до 12 часот.

Јавно го канат Претседателот на протестот да го запознаат со проблемите и со лошите законски решенија од минатото, од кои на дел е и тој потпишан. Инсистираат да го запознаат директно со негативните ефекти за земјоделците кои ќе ги донесат најавените законски решенија, пред сé, законот за зелена такса како и законот за продажба за државно земјиште, пред да го потпише. Освен со личното присуство, секоја друга поддршка или немање на одговор на Претседателот, земјоделците ќе разберат дека и Него, како Претседател на државата му е поважна ЛГБТ заедницата, на која јавно и со лично присуство даде поддршка, додека земјоделците ја хранат целата држава.

Ги охрабруваме тие што нé хранат

Локалниот клуб на Левица го поддржува револтот на земјоделците. Во време кога се гази по достоинството на секој земјоделец, кога некој друг заработува на трудот и грбот од производителот, кога оваа стопанска гранка е доведена сама да се снаоѓа без никаква помош од државата, голем дел од нашите сограѓани, меѓу кои и членовите на Левица, кои егзистираат преку оваа гранка, се директно засегнати од овој проблем. Затоа локалниот огранок на Левица безрезервно ги поддржува земјоделците.

Пробиени се сите законски рокови и обврски за исплата на субвенции и Ковид пакети од државата на земјоделците. Тие се доведени во крајно незавидна финансиска ситуација. Приморани се да организираат протест. Сите заедно сплотени, без партиски знаци, да излеземе и да ги охрабриме тие што нé хранат, пренесувајќи í на влста остра порака дека знаеме што се случува  и нема да оставиме ова да трае долго.

Loading