ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (100) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

Кои се марулските печалбари во турско време:

1.Гулабоски Стеванов Ристе се вратил од Америка.

2.Дамјаноски Спасев Цветко не се вратил од Америка.

3.Дојчиноски Тошев Јоле се вратил од Романија.

4.Јованоски Ѓорчев Ристе не се вратил од Америка.

5.Јошески Цветков Божин се вратил од Америка.

6.Колески Грујов Трајан се вратил од Америка.

7.Колески Стојанов Мојсо се вратил од Америка.

8.Колески Трајчев Богдан се вратил од Америка.

9.Колески Трајчев Јован се вратил од Америка.

10.Павлески Анѓелев Јован се вратил од Америка.

11.Павлески Анѓелев Петре се вратил од Романија.

12.Павлески Анѓелев Тасе се вратил од Америка.

13.Стојаноски Котев Илија се вратил од Америка.

Сите печалбари освен Дојчиноски Јоле донесле нешто сува пара со која купиле земја во Марул од беговите.

Гулабоски Ристе не е познато колку пари донесол поради набргу умрел.

Дамјаноски Спасев Цветко марулец преселен на Старо корзо во Прилеп. Фамилијарно преселен во Америка. Никогаш не го посетил родниот вилајет. Цветко и Стојаноски Илија се први братучеди од два родени браќа, деца. Само се знае да за време на Втората светска војна негов внук бил американски воен пилот кој се борел на Пацификот против јапонските камикази.

Дојчиноски Тошев Јоле откако разбрал да му се припрема скопување оставил и плата и тајно се вратил. Сиромав отидов во Романија, сиромав се враќам само здрав.

Јованоски Ѓорчев Ристе Курела не се вратил никогаш во родниот крај, таму оснивал потомство во 1926 година, на домашните му пратил 400 наполеони со кои го купиле дел од имотот од нивниот дотогашен бег Тефик Утоски.

Јошески Цветков Божин Котески зет за сестра на колеските браќа Богдан и Јован заедно се вратиле со братот Илија со заработените пари го платиле куќното место од стрико му Спасе Дамјаноски. Купиле и земја во Марул.

Колески Трајан во заедница со братот Боше го купиле чифлигот од дотогашниот нивни бег Јусуф, Зелен паша по тоа што пиел алкохол мухамеданите го викале Зелен паша, не зрел човек.

Трајан беше голем мајстор. Ѕидање со камен, стекната ѕидарска пракса од по градбата на тунели за железничкиот пат, мрежа во Америка. Со враќањето во родниот крај го пренесол и занаетот.

Трајан работеше три години како мајстор ѕидар на пругата Битола – Велес и обратно. Од 1929 до 1932 година и проектант на водоводната кула за возот во Прилеп. А уште и поинтересно што неговата копачка заменувала три клепани копачки од прилепските мајстори ковачи.

Колеските браќа Богдан и Јован по враќањето од Америка купиле еден чифлиг во Лагово, во Долно Садово, купиле куќа на Старо Корзо во Прилеп. Купиле место за куќи долу близу до железничката денешна во Прилеп, не се вратиле никогаш повеќе во Марул.

Колески Мојсо во заедница со братот Крсте го купиле чифлигот од тогашниот бег Емин и дел од неговиот брат Ремзија.

Павлески Јован ја докупил земјата од бегот Ремзија и еден дел од Арнаутите направил нова куќа, кула. Постанал имотно зафатен домаќин.

Павлески Петре со заштедените пари од Влашко ја купил земјата од Мемишица во Попојца Средоретци и Калуѓерски ливади, штавички ливади и Чуките. Направил модерна куќа, кула со чардак на предната страна, се закрепи за домаќин.

Павлески Тасе, нивниот брат никогаш не се вратил во родниот вилает. Во првото време праќал пари дома, се оженил во Америка, створил нова фамилија, со неговите во Марул ги прекинал врските. Диме Тарзано во Прилеп е од неговото потомство од Марул.

Стојаноски Илија стои во текстот горе под број пет, во заедница со братот Јошески Божин Котески.

Стојче рече, албуќи нашето време одминува, доваѓаат нови луѓе, трета генерација од моето детско памтење. И тие млади луѓе треба да се зафатат со добри мисли за нивниот домаѓинлак, за подобар нивни живот. Оваа така наречена трета генерација настрада од војните балкански и од Првата светска војна.

Многу бракови со се деца беа осакатени. Некоја остана вдовица со деца, некои останаа вдовци со деца. Некои настрадаа фамилијарно. Некои родители останаа без деца. Тоа беше страшна и жална работа. Јас ќе почнам од моите деца. Сребре, син ми на Фронтот помеѓу австроунгарската и српската војска. Сребре е српски војник, загина, гробнина нема. Јас со торбата волнена на рамо, отидов во Генерал штабот на српската армија во Белград нешто повеќе да дознаам за загинатиот ми син Сребре. Тие од таму ме префрлија до Воената команда на Фронтот. Од тоа мое патешествие ништо не дознав, се вратив со скршено срце во Марул. За убиството на син ми во летото 1914 година, гробнина нема.

На ќерка ми Петра момчето Јованоски Анѓеле и загина бугарски војник на Добро Поле, мариовско во 1917 година, гробнина нема, ама беше голем гајдаџија. Петра ќерка ми остана вдовица со две малолетни дечиња Мара и Димитрија.

Велјаноски Ристе ранет на Фронтот со скршена нога во судирот меѓу австриската и српската војска во 1914 година кај градот Шабац преживеа, ама кога се врати од Фронтот 1918 година дома живи не ги најде мајка му, татко му и детето Гроздан.

Гулабоски Огне и син му Трајче српски војници во 1915 година загинаа во градот Елбасан во Албанија, гробнина немаат, остана Магда вдовица со три деца. Магда е марулчанка Дашоска.

Дамјаноски Јован ја остави жената Таса Колеска марулчанка, кога си дојде од Фронтот дома живи не ги најде.

Дамјаноски Стојан ја остави жената Благуна Гулеска мончанка со две деца, кога се врати од Фронтот нејзе жива не ја најде.

Дојчиноски Стојан загина на Дрина во 1915 година, гробнина нема. Јанкоски Ристе ја остави жената Спасија Сиџимоска подмолка ораџица со две деца, Велика и Ладе. Си дојде од Фронтот со осакатен прст, нејзе жива не ја најде.

Јанкоски Трајан, брат на Ристе заедно со неговиот прв брачед Павле Плускач штавичанец, враќајќи се од фронтот во близината на с. Црничани, битолско нагазија на мина, Дома живи не си дојдоа. Трајаница Сребра Јоноска Марулчанка остана вдовица.

Јанкоски Петре со воена ракета си ги оштети, поткина прстите, останува без прсти на раката.

Здравески Крсте Галабаро пуштен од Фронтот на домашно лекување. Крсте не издржал, му подлегнал на раните. Ја оставил вдовица Мара Степаноска Лопатичанка, неговата жена и сираче неговото дете Стојан.                     

Продолжува

Loading