„МОРЕ“ В БАЗЕН

Прилепчани се освежуваат во три базени

Адекватна замена за класичните плажи за малку пари

Кристално чисти води  со лежалки, чадори, нишалки

40318646 1731603290228216 8335839245822328832 n

 

Неколку стотици прилепчани го користат слободното време за релаксација во трите базени, бегајќи од пеколните горештини. Оние со поплиток џеб ја чувствуваат солта во вода во базенот Амфора, наместо на туристичките дестинации, Грција или подалеку. Останатите базани само ја филтрираат слатката вода, црпена од бунари.

Од туристичките агенции велат дека годинава прилепчани малку затајуваат “со летните шетања”, иако лани мируваа поради пандемијата. Помалку се одмораат во Охрид, Преспа, Дојран, а и во странство . Во анализите стои дека влијаат стандардот и цените, но и неизвесноста од претстојната есен. Дел се вакцинирани, а поголем дел чекаат имунизација. Само Албанија ги отвори границите за летување на море без никакви ограничувања. Дел од нашите сограѓани ќе се “капат на зеленото тутунско поле” со повремени разладувања по базените, отколку на модрото солено море.

И тутунарите се нурнуваат во водите за оддишка од работните обврски. Помодерниот начин на одгледување на тутунот со механизацијата, дозволува да се скубне малку пливање и сончање по напорниот ден.

40496273 1732679180120627 8482515432702476288 n

Од тутун, на базен

Младиот 18 годишен прилепчанец Иван Стојаноски доаѓа секое попладне со другарите на базенот Салида по машинското вденување на листовите на тутунот.

– Тутунот е олеснет. Имам време за одмор пред следниот ден. Прекрасно е, оти се слуша музика, се туркаме, скокаме во водата – уживаме. Полесно може да падне и некоја љубов во релаксирана клима крај базенот. Тутунот на 20 декари ме “ортомиса” да не одморам десетина дена надвор. И финансиите не ми се добра страна. Базенот е соодветна замена по дневната “борба со тутунот за леб”. Затоа, в зима ќе скијаме со парите од тутунот – вели Стојаноски.

Мирко Илиески смета дека базените се адекватна имитација за морињата и езерата за младите без работа. Бил неколку дена во Грција пред сезоната, но се “кашка” во водата на Градскиот базен со олимписки димензии секое попладне по работните обврски.

– Од детството ми е навика да се капам во градскиот базен. Своевремено беше единствен. Ме врзуваат убави спомени. Се враќам на младоста кога масовно, со друштво, доаѓавме на капење. Не се одделувам и на поодминати години. Чувствувам дека се полнам со енергија со едно скокање во водата и седенка под природните сенки пред следните работни обврски. Ме стемнува. Последен заминувам. Базенот е пријатно катче, збогатено со терени за тенис, кошарка, мал фудбал, скокалници, лизгалки и мал базен за деца. За малку пари има релаксација и туркање на потта, создадена од високите температури – кажува Илиески.

65846237 2148959135159294 7730242225656823808 n

Мирјана Мирческа со малата тригодишна ќерка ладовина наоѓаат во базенот Амфора.

– Привлечно е, оти детето се “брчка” во базенчето каде имам целосна контрола. Немаме шанси за одмор, па за малкупари, и нешто за кафе, минуваме пријатни мигови во разладување од горештините – вели Мирческа.

Соленета вода со тон сол

Бизнисмените со летни базени тријат раце. Менаџеритеи откриваат дека  базените се преполн со посетители секојдневно  со расто на температѕурите.

– Реновирани се базените и ги доловуваме адекватно, во мали димензии, езерата или морињата. Водата се филтрира и се третира со соодветни средства за дезинфекција. Главно се одмораат млади родители со деца од предшколска возраст. Кој нема шанса за плажа и море, базенот е соодветна супституција за  разладување. Има и тушеви со топла вода, лежалки, сонцебрани, столици и бесплатен безжичен интернет… Густирањето ладни пијалоци и кафе е евтино и прилагодено на џебот на посетителите – велат од менаџментот на базенот Амфора.

68431382 2234059459982594 3075364521452240896 n

Концесионерот на градскиот базен Маркови Кули Борис Темоски создава езерска атмосфера под сенките на базанот со димензии 50х25 метри.

– ‘Срча, чиста е водата, оти се чисти со 16 филтри секои четири часа. За малку пари се добива незаборавна забава и разладување од сахарските врелини. Поставени се лежалки и чадори за сонце. За забава, има тобоган, скокалници, лизгалки, интернет врска… Цените се пристапни. За безбедноста се грижат спасители – велат од базенот Салида.

Раководството на градскиот базен Маркови кули е изненадено од посетеноста. Многу народ, особено млади, но и повозрасни се капат дневно. Се  користат забавните предимства.

208326792 4236176256430499 4866741602233171141 n

– Горештиниве привлекоа многу граѓани, особено родители со деца. Ако продолжат високите ноќни температури, ќе организираме и ноќни капења со жива свирка. Располагаме со нишалки, лежалки, сонцебрани… Видео и музичката атракција уште еден привлечен дел за забава. Пријатните моменти се доживуваат и со разладување во секогаш, чистата, како солза, филтрирана вода. Се игра и тенис, кошарка и пингпонг. Покрај тушевите со топла вода, тука е фитнес салата… Цените на пијалоците се симболични, исто како и летното разладување, сладоледот… – кажуваат од градскиот базен.

И затворениот базен во хотело Кристал палас се токми да ги отвори вратите за надворешните посетители. Дел од гостите на хотелот уживаат во терасата на последниот кат од хотелот. Тоа им е мелем на горештината.                         

Loading