ФОТОГРАФИИТЕ СЕ СВЕДОШТА ЗА МИНАТОТО, ЗА ДА ОСТАНАТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Билјана Јуруковски, светки фотограф од Австралија, со прилепски корен

-Изложбата “Африкански лица” во Музејот на РСМ ќе биде отворена до септември

-Престојот во Прилеп и Македонија го искористи за посета на многу села и краеви во кои замира животот и ги документира

Biljana Jurukovski 2

 

Светски афирмираната фотографка чии дела се изложувани во САД, Австралија, Франција, Британија и други земји, а објавени се и во бројни светски списанија за фотографија, прилечанката, која живее во Сиднеј, во Австралија, Билјана Јуруковски со изложбата ,,Африкански лица,, се претставува во Музејот во Скопје. На фотографиите има ликови од архаичниот народ Сури кој фасцинира со креативност и борба за зачувување на сопствената култура. Била планирана за 2020 година, но поради пандемијата отворена е на 16 јуни.

Biljana Jurukovski 5

– Изложбата е иницијатива на кураторот д-р Гоце Наумов. Посетеноста беше голема, а посетителите беа воодушевени. Имав и неформално предавање за искуствата, патувањата… Претставена е една невидена, непозната Африка. Племето Сури живее на границата меѓу Етиопија и Јужен Судан. Сурите се кретивни, непокорливи, интересни… Ја чуваат културата, традицијата, идентитетот. Тоа премногу ме фасцинира. Се борат за својата територија. Најдуваат работи во природата и се декорираат, се украсуваат. Не се доста фотографирани, оти живеат во изолиран дел на Етиопија каде се оди со платено обезбедување. Не фотографирам луѓе ако не сакаат. Мора да се воспостави контакт, да се создаде доверба, врска меѓу мене и портретите, бидејќи се доста интимни. Останував со нив од 2-3 недели, но уште тоа е проект кој дефинитивно, не е завршен. Многу се инспиративни, украсени се со сено, за следниот момент да бидат поразлични. Тоа им е дотерување, шминкање, нивниот стил. Секој ден се цртаа со камчиња од природата, а не само од ритуални причини. Со парчиња варовник, со бела боја, портокалова, жолта… Со светот немаат никаква комуникација. Првото гратче е оддалечено два дена возење со џип. Носам полароид камера. Првин сама се фотографирам и веднаш им ги покажувам фотографиите. Потоа и нив ги фотографирам да се созаде контакт. Не го говорат ниту официјалниот јазик на Етиопија. Преку членовите од екипата и обезбедувањето  од главниот град Адис, кој е  водичот, од Арбаминч, од Сурите, преку неколку лица се одвива комуникацијата – објаснува Билјана Јуруковски, фотограф.

Biljana Jurukovski 6

Фотографиите се направени во 2017 до 2019 година. Со изложбата ,,Африкански лица,, се заокружува циклусот ,,Духовите на Африка,, и ,,Африка во Македонија,,.

Додека е во Македонија и родниот Прилеп, страста и љубовта кон фотографијата не ја остава рамнодушна никаде и никогаш. Фотографира интересни ликови и села кои најчесто се напуштени. 

– Во куќите кои, дел се распаднати, има премногу историја. Живееле и израснале многу поколенија. Старите предмети говорат како се живеело. По 10, 20 или 30 години тоа нема да постои. За идните генерации мора да се остават сведоштва за нешто што постоело. Како што Сурите се пред исчезнување, оставам нешто за моите внуци, моите правнуци, за поколенијата… Треба да се документираат. Фотографиите во сегашноста отвораат врати од минатото и овозможуваат поглед кон иднината – вели Јуруковски.

Suri 1

Suri 2

Suri 3

Izlozba za Surite

Во моментот на фотографирање, заборава на стравовите, колку е небезбеден теренот, опасен, само за да направи квалитетно дело.

– Ме интересираат места кои не секој би се решил да ги фотографира -необични, несекојдневни работи со заробени емоции, со приказна. Треба да имаш око, огромна трпеливост и преголема љубов за тоа што го работиш за да направиш добра фотографија.  Не сликам предмети по нарачка. Нужно е да е нешто специфично, да ме повлече, народот, културата, традиција.  Во Африка немаат вода, храна, сепак се гледа среќата во нивните лица – вели Јуруковски.

Ги фотографирала и Јуруците кои живеат на Плачковица. По неколку месечен престој во татковината, се враќа во Австралија каде работи како извршен менаџер на група домови за стари лица. Секогаш остава проект не комплетиран за да има каде пак да се врати.

OBAVEZNA - Na Otvoranjeto na  izlobata prisutni brojni prijateli i rodnini

– Кога можам во туѓина да бидам ценета и успешна, зошто да не може и во татковината. Австралија е прекрасна маќеа, која се грижи за нас и ни дала можности, но не е мајка, за жал. На Прилеп и Македонија им е потребна повеќе енергија. Децата ја сакаат Македонија и можеби еден ден ќе живееме тука – вели Јуруковски.

Продолжува да фотографира култури и народи кои се пред изумирање. Треба да оди во Индонезија и Јужен Судан повторно. Очекува да се реализира во Дубаи Џпосуре фестивалот на фотографии со учество на имиња од врвно ниво. Ќе продолжи со хуманитарните акции како оние за Божик, во Австралија, наменети за Македонија, затоа што испраќа љубовта и позитивната енергија од далечина.

Prvo sozdavanje vrska - poto  afotografija

Гоце Наумов, куратор на изложбата

РЕДИЦА ЗА ИЗЛОЖБА

– После долго време гледање редови пред аптеки, во средата (16 јуни) првпат видовме редица за изложба во музеј. Имавме чест на изложбата ,,Африкански лица,, да дојдат трпеливи, културни, дисциплинирани, љубопитни и убаво облечени луѓе…, и да, заљубени двојки (чкрапнати од Драги Неделчевски). Привилегија беше да се пречекаат овие луѓе и да се организира изложба со прекрасните фотографии на Биби… – напиша на ФБ, Гоце Наумов, кураторот на изложбата.

Јуруковски е носител на бројни награди. Последно, добитник е на златна награда – Племенска Мадона.

Od otvoranjeto na izlozbata so Goce  Naumov

Loading