ДЕБРЕШТАНЕЦ ФАТЕН ВО АЛБАНИЈА СО МИЛИОНСКИ БАГАЖ НА КОКАИН

Судот во Драч му одреди мерка притвор на возачот од Прилепското село Дебереште Назиф Ајровски (40), откако во камионот што го возел се откриени 324 килограми кокаин. Дрогата била наменета за италијанскиот пазар.

Откако првин судот ја одложи парницата поради недостиг на официјален преведувач, судијата го потврди апсењето на Ајровски за сомневања за недозволена трговија со наркотични средства и му одреди безбедност со затворски притвор. Возачот се посочува дека е човекот кој ја превезувал дрогата, но оти соработувал и со други лица за наркотиците да стигне до Италија.

-Кокаин тежок 324,4 килограми  бил спакуван во 300 пакетчиња покрај товарот од метални плочи. Полицијата го фатила возачот со камионот со макеоднски таблици ноќе. На албанска територија влегол преку преминот Ќафасан и се задржал на патот  поради загревање на моторот. Ајровски пред полицијата тврдел дека немал никакви сознанија за дрогата – пренесуваат албанските медиуми.

Дрогата е откриена со скенер на втората контрола пред возилото да влезе во траектот на релацијата Драч-Анкона, а требало да се растовари во Џенова. Кокаинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.

Продолжува соработката меѓу македонската и албанската полиција за целосно расветлување на случајот, во кој има сомнежи дека се вклучени повеќе лица.

Loading