ВКУСНИ ГАСТРОНОМСКИ ИНВЕНЦИИ И ЗА ОКО

Бјанко – кичен и бар

7

Доминира италијанскиот бел мермер во новиот угостителски објект Бјанко – кичен и бар до слаткарницата Алфа кај Домот на културата. Во името Бјанко, на италијанки бело, се препознава амбиентот на мермерот кој во просторот добил топлина со разни архитектонски дизајнерски ивентивности со модернистички стил. Ентериерот во италијански мермер и финеси на модернизам со дрво, создава пријатна атмосфера на околу 460 м2 отворен и затворен простор. Во објектот се водело сметка за секој детал, почнувајќи од италијанските и шпанските чинии и чаши за соодветни јадења и пијалоци, до ексцајзот. И необичната понуда на специјалитетите за јадење се магнет за посетителите. 

Менаџерот Кире Стефаноски вели дека првото ехо на муштериите е позитивно и изненедувачки силно.

– Луѓето од разни генерации, љуботни да истражуваат, доаѓаат и експериментираат со вкусовите. И секогаш заминуваат презадоволни, најавувајќи нови посети и нови доживувања – вели Стефаноски 

Нестандардно е менито, како пилешко со фстак, сирење равиола со сос од слатко од смокви, рижото со морски плодови… Тие се уметнички дела на мајсторот на кујната Зоран Крстески, кој е искусен интернационален готвач со високо реноме. Неговите виртуозни гастрономски креации со храната ги возбудуваат гурманите.

{AG}653/bjanko{/AG}

– Се носиме со идеја да го збогатиме менито со италијанска храна. Веќе ангажиравме Италијанка за готвач во кујната. Се прават последните подготовки наскоро да ја поставиме новата понуда од салати, дресинзи, пасти… Правиме и промоции со Прилепската пиварница во времето кога се гледа фудбал. Со секоја кригла Златен даб оди мешани грицки гратис, а гостите често нарачуваат и мрсна даска за мезе додека ги следат натпреварите. Дел од гостите доаѓаат на индивидуален утрински појадок, со пакети со италијанското кафе Кимбо и Цевитана за 150 денари. Се нуди на утро порција геврек со јајце и слични други вкусни гастрономски инвенции. Поголем дел од специјалитетите се пренесени од Италија и Грција. Идејата беше да се поттикне чувството кај луѓето дека покрај класичната храна, постојат мноштво јадења кои се вкусни и предизвикуваат уживање, а кај нас ги немало или ретко се негуваат на менито – вели Стефаноски.

Уште вечерва (петок 18.јуни) ќе организираат свирки во живо со бендови кои ќе настапуваат и во четвртоците, со репертоар на лесна музика за да се подобри атмосферата по една година од пандемијата.

Топло ладниот колач е атрактивниот десерт кој се служи во огнена порција, покрај баклавата со фстци. Мераклиите на добро вино можат да густираат најквалитетни вина од палетата на Тиквеш. 

Loading