ПАДНА ГОЛЕМАТА ГРАНКА ОД ДРВОТО КАЈ СУДОТ

Drvoto vo parkot kaj sudot

Од врнежите и старост, падна дотраената гранка од дрво во паркот кај Основниот суд. По укажување на инженерите за хортикултура дека дрвото е со скапана срцевина и веднаш мора да се демонтира куќарката направена врз гранките, една од поголемите гранки падна.

Дрвената куќарка беше демонтирана, а комуналците, покрај падната гранка, комплетно ќе го сечат и старото и дотраено дрво кое е проценето дека е во крајно ризична состојба.

Дрвото и монтираната куќарка врз него беа атракција за најмладите. Требаше да се обнови во истата форма, но по укажувањето на стручните служби, старата куќарка беше комплетно отстранета. Решено е и дрвото да се пресече в корен, а на местото да се засадат нови дрвја – информираат од ЈКП Комуналец.

Loading