КАФЕ И ПИЈАЛОК, ДАЛЕКУ ОД ГРАДСКИОТ МЕТЕЖ

Нова кафетерија во Типската населба

AC3CF285-1391-4DEC-AD68-DAF0BE8EA934

Надвор од градската средина, во Типската населба, меѓу два спорстки терени, никна пријатно кафе катче. Кафе База е место за дружба, насмевки и мултивитамински здрави навики. Новата урбана приказна ја започнаа Никола и Зорица Стојаноски. Се втурнаа во ново искуство и нова дејност. 

А се започнало откако Никола барал поголем простор за фитнес дејноста на сопругата со која се занимава веќе 10 години. Големината на просторот  што го нашол, го инспирирала за нов бизнис. Идејата ја прифатиле и разработиле заеднички.  Просторот од 260 м2 го поделиле, го облагородиле, го уредиле и направиле пријатно катче за утринско кафе, за бизнис разговор, за попладневен одмор, за витамински пијалог после спортување или рекреација, или моменти за вечерно излегување со пијалок по избор. Никола добил ветер во грб со поддршката од брат му. Го искористл ио искутвото од повеќе од 15 години стекнанато како келнер по прилепската чаршија. По осум години работа во приватна компанија, решил да замине и се втурне во новиот бизнис. Името е База кафе, бидејќи додека го подготвувале најчесто на пријателите им велел ќе ме најдете во новата база.

4A7B1A92-769B-4F16-A44C-79E1AED28859

– Приоритет ни се здравите напитоци, цедените 100 процентни природни сокови, смути, Цевитаната од Витаминка. Секако и пијалоците од Прилепската пиварница. Со двете најголеми фирми во градов негуваме соработка и поддршка. Ова е идеален простор за првото утринско кафе и тоа квалитетно, швајцарско Боунди кафе. Имаме ниски цени. Маалската кафетерија е идеална за разговор со соседите наместо во дворот. Имаме посетители кои пешачат, спортисти, луѓе кои сакаат да одморат во паркот со кафе за носење. Но, имаме и богат избор на алкохолни пијалоци. Урбана населба, убаво место. Со соседите сакам да сум голем пријател. Не сакам да ги вознемирувам со гласна музика. Да остане мирно, тивко, пријатно катче каде гостите ќе може да разговараат во удобна и тивка атмосфера, далеку од градскиот метеж – објаснува Никола Стојаноски.        

CF6639CD-E356-484D-8FA8-5DB52D3946E7

Послужуваат кафе, а имаат и кафе за носење. Пакети со кафе и лимонада, со сок од боровница, со Цевитана, сладолед, тартуфо, по пристапни цени.

Точеното пиво и уредениот простор ќе бидат привлечни и за следење на Европското фудбалско првенство. Најавуваат многу изненадувања, гратиси, промоции, како на пример бакшиш пиво за секој постигнат гол на македонската репрезантација. 

ПРОСТОР И ЗА ФИТНЕС

Просторот го поделиле за две дејности. Летната тераса е 40 м2, затворениот простор на кафетеријата е околу 100м2. За фитнес вежбите имаат планирано 170 м2 кој простор моментно се адаптира за наесен да почне да функционира. Зорица Спиркоска Стојаноска која е позната и наградувана каратиската, од неодамна во во фитнесот ги вклучува и децата од најраната возраст.    

D25CF12B-DE57-4088-9903-1DABAF295FE5

Loading