ИНСПЕКЦИИ ВО ЗАШТИТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКА УПРАВА – ГОРАН СУГАРЕСКИ!

Реакција на Левица – Прилеп:

Бројни прекршувања со узурпирање на јавна површина и прикривање на фактичка сопственост. Неформалниот сопственик на Кафе-Клуб Табу и Ла Пиаца, Горан Сугарески, поранешниот министер за транспорт и врски, денешен директор на Царинска управа, свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавен простор.

Станува збор за дозволи за таканаречени ,,летни бавчи”, кои ги кршат сите критериуми и наликуваат на ,,цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, располагаат со одвод, довод, па дури и парно греење. Очигледно е намерното непостапување на инспекциите, под закрила на Сугарески, во заштита на неколку локални сопственици на кафетерии.

Прекршена е Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема во Прилеп од заклучокот за објавување на програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема во Прилеп, објавен во Службен гласник на Општина Прилеп број 16 од 25.12.2020 и тоа по бројни одредби, реагираат од Левица.

Loading