ЗАЛИЧУВА ПАРКОТ ВО ВРБЕСКО МААЛО

Park Vrbesko maalo

Комуналците привршуваат со градежните работи во паркот Врбеско маало. По поставувањето на техничката вода за полевање на паркот, осветлувањето и патеките, се монтира комуналната инфраструктура. Паркот содржи и детски забавни реквизити. Останува уште да се засеат зелените површини и хортикултурното уредување со зимзелени растенија и цвеќе.

Loading