ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПЕЕЈА

penzioneri

Пензионерите од Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар во редуцирани услови ја одржаа традиционалната 19-та регионална ревија на песни, музика и игри во салата од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

За претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски, пензионерите потврдуваат дека годините не се важни за пеење, свирење и играње.

-На таков начин се победува опасната болест. Покажуваме што можеме и што умееме. На 23 јуни сите пензионери од земјава во Скопје ќе ја имаат државната музичката ревија – рече Трајкоски.

Настапија прилепското КУД ,,Пенка Котеска,, и музичарите на КУД ,,Пензионер,,. Пееја Блага Стојаноска и Драган Кабриоски од КУД ,,Сирма Војвода, од битолското пензионерско здружение. По две исполненија имаа музичарите од Крушево и од Демир Хисар.

Гостите ги поздрави и градоначалникот Илија Јованоски.

Сите учесници и пензионерски здруженија добија благодарници.

Loading