НАГРАДИ ЗА ТРИ ПРИЛЕПЧАНКИ

На манифестацијата „Вешта жена“

Trite nagradeni prilepcanki na  Vesta zena

По речиси 3 месеца он лајн натпреварување и гласање за масите на ,,вештите жени,, за нивните превкусни и декорирани јадења, три прилепчанки се закитија со награди на завршната манифестација Етно вешта жена на 30 мај во манастирот Света Марина во селото Зубовце кај Гостивар. Милка Бошкоска го освои второто место Гран при Вешта Жена од 9 учеснички со масата ,,Рој желби,,. Марина Николоска беше прва на манифестацијата ,,Вешта жена,, која во март се одржа во Прилеп. Васе Цветкулеска Митреска доби пехар за тригодишно учество, како најмлада учесничка. Вештите жени после година ипол успеаја да ја организираат манифестацијата поради пандемијата.

На ,,Вешта жена,, имаше претставнички од повеќе градови од Македонија. Основач и главен организатор на манифестацијата е Снежана Жана Стојаноска од Тетово, а во Прилеп е Менче Костоска. Собраните средства од продажбата биле доделени на црковниот одбор. Догодина манифестацијата ќе се одржи во Кочани.

Настанот се поврзал и со Републичката Манифестација па биле доделени дипломи, медали и пехари на учесничките на Манифестацијата Вешта Жена 2020 /21 која на крај заврши со он лајне гласање.

Loading