ИНСУЛИН И АПАРАТИЧИЊА ЗА ШЕЌЕР

keti smileskaВо аптеката во уредот

Инсулинската аптека опслужува околу 2600 пациенти, од кои 70 пациенти се со дијабет тип 1 – инсулин зависни (обично се добива во детска возраст) и 2530 пациенти со дијабет тип 2 – инсулин независни. Аптеката редовно е снабдена со инсулини од сите типови, апарати, ленти и инсулински игли. Се добиваат и резервоари и сетови за пациентите на инсулинска пумпа. Терапијата се подигнува еднаш месечно со барање од интернист или ендокринолог, кое се обновува на секои шест месеци.

Од овај месец почна издавањето на новите апарати за дијабет тип 2 пациенти, а наскоро се очекуваат апарати за тип 1 пациентите.

Во инсулинската аптека се дава терапија за цистична фиброза, со која на пациентите им се олеснува начинот на подигнување, бидејќи во принцип треба да се зема од Скопје.

Loading