ДА СЕ ВАЦИНИРАМЕ СИТЕ

Кампања за имунизација

DSC 0166

Невладината организација, Станица П.Е.Т., изведе креативна акција за информирање и подигнување на свеста кај граѓаните за потребата за вакцинација за заштита на себе си и на другите од КОВИД-19, насловена ,,Информирај се, пријави се и вакцинирај се,,!

Од главната акција произлегуваат помали капмпањи во дел ромската населба Тризла и во руралните места во кои граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и дополнителни информации за ослободување од лажните вести, поврзани со вакцинацијата, ширени по социјалните мрежи.

Перформансот содржеше креативно изработен симбол од корна вирусот и шприц во голем формат посветен на вакцината за заштита. Се споделуваа информации за имунизацијата преку дистрибуција на малечки картонски симболични шишенца со вакцини кои треба да ги добијат граѓаните што поскоро и што помасовно за да се обезбеди колективен имунитет. На штандот во центарот граѓаните се информираа и веднаш се пријавуваа за вакцинација.

Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија со Центарот за современи уметности од Скопје. На обуката и во креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп); ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје); Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје) и Здружение национален ромски центар (Куманово).

Loading