МОСТ ЗА ВОСХИТ ВО ЗОВИЌ

Kameno zdanie sto izdrzalo decenii

Атрактивниот мост во селото Зовиќ во Мариово, иако е пристапен  само со теренско возило или се стигнува пеш, привлекува многу намерници. Причината е неговата необична архитектура. Бил граден од жителите на Мариово да се состави селото на двата камени рида на реката. Според кажувањето на селаните, мостот се срушил под товарот на еден локален селанец со претоварена воловска кола. Се преполовил дрвениот премин кога ѕевгарот стигнал до средината. Стопанот со воловите се урнале во реката, заедно со остатоците од греди, талпи и штици. За среќа, во воденицата под мостот биле воденичарите кои веднаш го спасиле несреќниот Мариовец. Тој куртулил од повредите и доживеал длабока старост.

На местото на стариот дрвен мост, за три години, мајстори од Лабуништа, го изградиле постојниот камен мост повторно да се обезбеди комуникацијата меѓу двата брега на реката.

Стручнаците велат дека камениот мост како лак е мајсторско здание со оглед на времето на градба, локацијата, алатите и расположливите материјали. Затоа и денес е мамка за туристи, кои, без разлика на  далечината, непроодноста и напорите, не се штедат да го минат и пеш долгиот пат, само да се фотографираат, да ја доживеат авантурата на Мариово и да се восхитуваат на дивината на овој речиси ненаселен крај.

Стија во Кокрчко Езеро

Имало некој пат во Маријово некоје езеро на Кокрчкиот Рид. Тоа езеро истича и сеа на Извор кај Гуѓаково, ама је затнато.

Во тоа време имало једен татко. Бил валавичар на Извор, а син му бил чобан кај Власи на Кокрчки Рид. Тој син зел једин брав, заклал го, врлил го во езеро, и тој брав ишол на негов татко кај Гуѓаково. И оније Власи виделе оти тако прави, убиле го, врлиле го во езеро, и тој син излегол на Извор кај татка му во Гуѓаково.

Тије Власи имале једно дете и го пуштиле да му леје вода. Кога дошло на вода кај езерото, излегла стија од езеро. Стијата била со четири нози и 12 глави, голем воден ѕвер, со долги косми и со коњски очи. И тогај она го  појала она детето. Власите виделе оти му го појала стија детето, остригле се овците, натрупале дрвја во езерото, натрупале ја и волната и го затнале езерото. Од тоа време езерото не се гледа, а истича и сега на Извор кај Гуѓаково.

Loading