ДОСЕЛУВАЊЕ НА НАДВОРЕШНИ ЖИТЕЛИ ВО С. МАРУЛ ЗА ВРЕМЕ НА СТОЈЧЕВОТО ЗНАЕЊЕ

Фељтон: Томе Велјановски ПИСМЕНОСТА ВО МАРУ (93) – 2 ДЕЛ

marul-1

Јас, најстарото дете на татко ми Атанас и мајка ми Дуна. На моја возраст од десет години човекот Здраве вепрчански од мариовското село Вепрчани подолго време момокувал овчар кај лаговските бегови Фаиковци се досели во Марул со неговата тајва жената и осумгодишното дете Стојан. Здраве се вглави овчар да биди кај марулскиот бег Амдија Лазески.

Здраве по природен пат беше многу крупен човек. Кога ќе се појавеше овчарот Здраве со овците на некое повисоко место наметнат со мариовската калеша сакма козинава изгледаше како некоја карпа, стена. Здраве го ожени синот Стојан за Мамалигоска Чона од село Мојно. Стојан и Чона работеа момци земјоделци во чифликот на бегот Амдија Лазески и одледаа три деца Атанас, Пауна и Јоца.

Откако застаре Здраве не беше способен повеќе овци да паси, си седна дома. Неговото место кај бегот Амдија за овчар го презеде син му Стојан се до судирот на аскерот и српската во месец ноември 1912 година кај Алинци, Каракамен и Тополчани. Стојан и Димитрија Новачески ги оставија овците и козите во снегот во Веслец и од страв побегнаа дома. Повеќе не се врати бегот назад во Марул замина со аскерот за Турција, тоа беше спас за момците овчари Димитрија Новачески и Стојан Здравески.

Како спомен на Стојан му остана куќното место и куќата бакчиш, не платено со готов ископан и соѕидан бунар во длабина од 8 метри направен ангарички од селото. Чонескиот бунар имаше традиционалност во тоа што секое девојче или секое момче оженето на денот на првичето маженото девојче сега невеста поканетите гости првичари кај родителите на девојчето заедно со нејзе, пред да ручаат првичарите отприлика околу пладнинина тие заедно со нивната невеста дотогашно девојче, свекрвата, золвата и други првичари или првичарки заедно со домаќинките и дотогашното девојче сега невеста одат кај Чонескиот бунар со торба јаболка, булина и огледала во присуство на собраниот народ од селото жени домаќинки, девојчиња и деца ќе бидат целивани, бакнувани од страна на омажената девојка и дарувани од торбите на нејзината пратна. Претежно децата добиваа булина, жените присутни јаболка, а додека девојчињата добиваа огледала. Покрај сета веселба и тука се гледаат очи насолзени при разделба со дотогашната нивна другарка. Ако пак невестата мажена однадвор од Марул откако новата невеста ќе појди на првиче нејзината родна куќа и се заврши таму со првичето наредниот ден со подарок од домаќините на момчето со торба булина, јаболка и огледала се собира во половината на денот од бунарот од Чоневци и ќе има раздавање, бакнување од страна на невестата и раздавање булина, јаболка и огледала на децата. Овој обичај се практикуваше се додека селото не беше испразнето. Се почнаа свадбите да се прават во градовите во закажани сали за двете сватовштини.

Исто така овој Чонески бунар ја имаше и таа традиција на првиот Дуовден по враќањето од црквата многу жени и девојчиња одеа на Чонескиот бунар некоја со огледало да ги види долу во водата своите умрени, а некои од девојчињата си гледаа преку огледалото да го види нејзиното идно момче.

Доселувањето на Здравески Јоше Лопатичанецот од с. Радобор, битолско во с. Марул

Здравески Јоше бил роден во родот на Здравевци во с. Лопатица, прилепско, женет за Петра Маркоска од с. Марул. Брачниот пар Јоше и Петра имале три деца Велика, Крсте и Никола. Откако се делил Јоше од родот Здравевци фамилијарно и отишол да момокува кај бегот име заборавено во с. Радобор, битолско Јоше во чифлигот кај бегот си фатил добри верни пријатели момци.

Но, после некое време се покажал еден несакан проблем. Ќаата на чифлигот кај бегот по име Асан почнал да атакува насилнички на работните места по женскиот пол по ѓаурките, за овој негов однос го имал и кај соседните села Чарлите, Трап, Дедебалци, Могила итн. Сите овие села направиле давија, поплаки до неговиот бег. Бегот да не си замери со ќаата преќутувал. Неговиот однос веќе не бил поднослив.

Неколкумина од момците се согласиле Тодор Габеро, Јоше Здравески, некој од Букревци и од Волчевци го извардиле ќаата Асан во погодно место, му ги врзале вратот и нозете со жица, тел му обесиле камење и го фрлиле во мртвицата, во шамакот и трските. Коњот негов ноќта си дошол дома, но никој не го виделе од каде си дошол без ќаато.

Властите му го барале потраго на ќаато без успех. Поради ќаато Асан бил во конфликт за истата работа и со соседните христијански жители не можеле да откријат за нестанокот на ќаата Асан. Момчите лицемерно ронеле солзи и се лигавеле за неговата загуба, а спас за невиното население.

Повремено тактички Букревци и Тодор Габеро се иселиле во Битола. Волчевци останале и понатака да момокуваат во истиот чифлик во Радобор. А додека Здравески Јоше фамилијарно се доселил во Марул и почнал да момокува овчар кај ново доселените арнаутски бегови Салиовци од Призрен, од Косово.

Повремено почнале да летаат партали, алишта согниени од ќаато во мртвицата. Сторителите за неговото исчезнување не се откриле од страна на властите. Тек се дознало после падот на Отоманската власт во 1912 година.

Раскажал Танески Стојче. По неговото кажување бил на возраст петнаесет години кога Здравески Јоше се доселил во Марул. Јошески Петре внук од син на Јоше велеше, која кучка сака мас да јади, добива стап.

Доселувањето на Јанкулоски Јанкула од с. Подмол во с. Марул

Јанкуловци во с. Подмол се од постарите жители во с. Подмол. Како потврда за тоа служи во тоа што марулецот Гулабоски Новачев Димитрија  1870 – 1951  е женет за девојката Јанкулоска Петра подмолка 1869 – 1940, нејзини родители засега непознати. На нејзината надгробна плоча, на мермерниот бел крст беа нејзините податоци. Но се најде некој несвесен да мермерните крстови на Петра Димитрица и на нејзината снаа Божиница Стојна Аџиоска Чумовчанка ги сокршил, поништил крстовите со написите. Нивните вечни домови, гробовите целосно стојат без податоците покриени во трева, копина и маховина во марулските гробишта.                 

Продолжува

Loading