ВЕЛИГДЕНСКА САЛАТА

jajce

Моркови, сирење, павлака и малку кикиритки. Прстите се лижат со велигденска салата која е кремаста и вкусна. Се вика велигденска морковот има боја слична на вапсано јајце. Едноставно и брзо се приготвува. Остава впечаток и по изгледот, а не само по вкусот.

Потребни се 4 варени моркови, 50-80 гр фета сирење, 2 чешниња лук, 1 филџан кикиритки, сол по вкус, 5-6 полни лажици кисела павлака и магдонос за декорација. Морковите се варат. Кога ќе се изладат, се рендаат на крупно. Се додава сирењето. Потоа ситно сечканото или гмечано лукче. Се посолува и се додаваат крупно мелени кикиритки. Во смесата се додава киселата павлака. Кикиритките даваат текстура, а морковите слаткаст вкус. Сетоа тоа се надополнува со вкусот на лукот. Се меша до изедначување на смесата, која може да се обликуваат при сервирање. За Велигден може да се обликува како јајце и да се декорира со гранчиња магдонос.

Loading