ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ – ОДЛИЧНА МОЖНОСТ

gorce petrov

СОУ ,,Ѓорче Петров” подготвува формирање дуална паралелка за профилот геолошко – рударска и металуршка струка – ракувач со рударски машини во соработка со фирмата Крин КГ. Веќе се склучени договори за соработка со Комфи Ангел, Кули и Хатра за текстилно кожарската струка со профилот техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека. Наставата тргнува на есен во учебната 2021/22 година. Министерството за образование обезбедува  стипендирање на учениците во овие струки. Не е исклучена можноста и фирмите да ги стимулираат учениците.

Дуалното образование нуди одлична можност во процесот на учење, учениците да стекнат вештини клучни за работа на терен. Со дуалното образование, учениците се оспособуваат, стекнуваат работни навики и стручно се спремаат, што е перспектива за полесно вработување.

Компаниите бараат нови образовни профили соодветни на потребите на бизнис секторот. Училиштето и досега соработуваше со некои компании за феријална пракса. Соработката е продлабочена со кавлиететен чекор. Продолжува тенденцијата за излегување во пресрет на стопанството и одговарање на нивните стручни потреби, а во дослух со пазарот на труд. Во таа насока веќе се склучени договор за соработка со Комфи Ангел, Кули и Хатра за текстилно кожарската струка со профилот техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека. Со Крин КГ е склучен договор за геолошко – рударска и металуршка струка, за профилот ракувач со рударски машини. Компаниите ќе учествуваат во подготвувањето на програмата за настава за теоретскиот дел и ги отвораат вратите за практичниот дел. Преку континуирана пракса, учениците ќе бидат солидно едуцирана работна рака, стекнувајќи знаење, а доколку имаат амбиции и за продолжување на образованието на соодветните факултети.

Од година во година помал е интересот за овие струки. Со очекува, новиот модел за дуално образование да донесе нови преизвици и можности, вработливост, знаење, стипендирање.

Loading