„ЗАЕДНО ДО…“ НОВА КНИГА ОД СНЕЖАНА ПАНОСКА

Snezana panoska 1Писателката Снежана Паноска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп, објави нова книга поезија насловена ,,Заедно до…,,. И во ова дела Паноска плени со секој збор. Секоја дума има тежина која го влече каменот на срцето и се вгнездува во душата.

Објавени се над 70 песни, чија идејно тематска основа, според професорот Цеца Видова Трајческа, едноставно е мотивот да се живее во секој миг од животот, да се зграпчи денот и смело да се чекори по патеката што ѕвездите одозгора ни ја осветлуваат.

-Низа метафори се распослани по стиховите кои не ја кријат вештината на зборовите, симболите, компарациите, градациите и уште многу епитети, што како опојни цветови го китат букетот од животни вистини – вели Трајческа за новата збирка поезија на авторката.

Книгата е поддржана од Здружението на пензионерите на Македонија.

Паноска твори од млада возраст. Објавила збирки на поезија и раскази. За придонесот во литературата и културата, во 2018 г. ја доби наградата на Прилеп Трети ноември.

Loading