ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (90) – 2 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

marul-1

аневци Стојчевци држеле до 200 овци, 150 кози и башка друг сточен фонд, крави, телиња, коњи и магариња. Кога жетварите Стојчески наутро излегувале снопјарите се враќале дома за одмор собирале снопје купови ожнати од претходната ноќ. Во 1952 година Стојче ги заменал дотогашните орала со метални современи плугови. Еден таков метален плуг за орање бил изложен за селската слава Мала Богородица на средселото во с. Марул од страна на Стојчевци Таневци. Првата веалка за веење вравот жито била видена во гумното Стојческо во 1926 година. Кога ќе насаделе снопје за вршење до 250 снопје биле газени со шест коњи.

За неговиот мандат на владеење биле направено 12 свадби со првичиња. Се направиле 18 крштевки. Изгледани две Стојчеви сирачиња Менка и Ристе од сестра му Доста мажена кај Златевци во с. Мојно. Овие две негови внуци ги удомил во с. Маково. Исто така било направено шест погреби за време на неговото владеење. Кога се поделиле во 1942 година се распаднала Стојчевата империја. Јошески Никола Галабаро како цуцулист во идејата кога ќе почнела сеидбата кај Стојче некој ќе му дофрлеле Никола Стојче бара аргати за сеење, Никола ќе им одговори што мисли како ќе го ожнија.

Никола не оди на сеење, сеидбата ќе заврши без Никола. Кога ќе дојди време за жнеење, жетва Стојче бара жетвари, ја одбива понудата што мислеше кога го сееше. Никола пак со воловите со песни по доловите. Штотуку ќе заврши летниот период, Никола ќе појди кај Стојче со изговор не ми достасува една вреќа жито да ми позајмиш. Стојче дипломат ќе одговори, дајте му две вреќи ќе се најди, не треба да го враќа житото ќе ги паси година говедата и така било.

Стојчевите копи слама и стогови сено се гледале од далечните битолски села чарлите големо и мало од Могила, Радобор и други села иделе кај таневци за помош слама и жито за да ја преживеат суровата зима.

Во 1924 година турските довстоеници беговите Јунуз Салиоски и Беќир Цацоски ги продале чифлисите на Танески Стојче и се иселиле во Измир, Турција. Танеската хуманост према жителите во Марул била голема хуманост, помош. После војната 1918 и 1919 година Танеските овчари еднаш неделно бесплатно оделе по куќи и оставале млеко према жителите во куќата.

Исто така во тие кризни години додека да се закрепнат домаќинствата од војната Таневци и Стојчевци поред нивните свињи, крмаци хранеле екстра крмаци, ги колеле и месото го разделувале по куќи низ селото како помош неплатено за да се закрепат осиромашените жители марулци од војната.

А како најважно што Стојче поткрепил повеќе марулци со пари да купат земја од турските бегови. Парите позајмени било договорено со враќање и така било сите што позајмиле пари од Стојче му ги вратиле без мемеле. Оваа е вистината за Танески Стојче раскажано од повеќе постари марулци. Последен раскажувач беше во 2013 година Атанасоски Ристев Јован 1926 – 2014, внук од син на Стојче Танески од с. Марул.

Стариот дедо Стојче Танески често пати ќе вика по нас децата воловарчињата, елате деца муабет да правиме, да ви кажувам  од минатото од моето детинство. Утре можи ќе умрам, нема кој да кажува. Некое од воловарчињата во смеа ќе дофрлеше, дедо Стојче ако умриш ти, ќе ни кажува дедо Божин Котески. Тогаш Стојче ќе се понасмееше и ќе речеше, албуќи и тој можи да ви кажува како се полни и празни лулето со тутун.

Ние ќе тргнеме да се кикотиме, да се смееме на глас и тој ќе се смее со нас како знаел Божин да го полни и празни неговото луле со тутун, Стојче ќе започнеше со разговорот меѓу нас воловарчињата. Вие сега децата сите учите писмо да пишите и читате кога ќе порастите да бидите ќатипи. Ние во нашето време немавме училиште да учиме писмо него слушаме кога попот читаше и пееше пеание во црквата. Писмо повеќе се учи во градовите.

Ние селските деца знаеме да броиме затоа што повеќето селски деца се пастирчиња воловарчиња или овчарчиња. Не можи да биди овчарче ако не ги познава своите овци на лик и ако не се знае овците во пасење да ги број по две во чифт одеднаш. Оти овците во пасењето се движат се размрдуваат во тоа што бројачот треба да има прецизна брзина во броењето. Кога ќе порасти домаќин и постанува бројач за сите домашни потреби, пари и есапи.

Во нашето во слободното зимско време собрани домашните околу огништето и повеќе се зборуваше за посни и мрсни денови, за разни старски приказни, за гатанки, за род и пород на своите дедовци и прадедовци. Така да јас го знам родот на моите прадедовци денес моите внуки, внуци и нивните потомства правнуки и правнуци. Го запамтив мојот прадедо Тане роден по кажувањето на постарите некаде во 1790 година. Тане беше висок човек, живееше 90 години. Сега нашиот Тане од Мице е исти како мојот прадедо рече стариот дедо Стојче Танески.

Јас бев осум години Таневиот син дедо ми Боше коџобашија во Марул запирајќи ги арнаутските овчари идејќи си од солунско во мај за на планина и во местото Долна браненица го отепа, а додека на полјакот Колески Трајче му го скршија палецот од раката со пиштолите. Од тогаш Браненицата никогаш повеќе не се бранеше. Поред прадедо ми Тане запамтив и други постари марулски прадедовци и тоа Дамјаноски Дамјан втори, браќата Гулабоски Ристе први и Трајче први. Грујоски Јован Курела први, Здравески Степан Пуме, Колески Ризо први, Мурџески Ристе втори Павлески Трајче, Трипискул Тале.

Во моето знаење неколку домаќински куќи во селото добија нови имиња. Така од Дамјановци се преименува Василовци и Котевци. Од Гулабовци нашите светијовани се преименува во Николевци, Новачевци и Стевановци, од Колевци се преименува Бошевци.

Исто така во моето знаење повеќе христијански фамилии се иселија од Марул. Дуцановци работеа момци кај бегот Осман Утоски се иселија во с. Бистрица, битолско по кратко време Дуцановци беа убиени од Грците и гркоманите, преживеа само кучето, се врати дома во Марул со виење по чајро си ги бараше стопаните.

Откако дојде Амдија Лазески прилепчанец за полјак во Марул Бозгевци ги избрка во Штавица, нивното куќно место не платено го присвои, сместуваше во куќата негови момци. Новаче Гулабоски по извесно време се всели внатре и местото остана Новаческо.

Марковци со четириесет души во нивната куќа беа богати христијани во Марул. Откако пазарџијата домаќинот Боше ја направи далаверата со ѓупката присестрата Зука од Битола, му го украде ќесето со парите браќата Боше, Диме и Коте се закараа, се делија имотот го продадоа евтино на арнаутино Јунуз од Призрен се делија. Боше се пресели во с. Мало Рувци. Диме се исели во с. Оптичари битолско, Коте се исели в с. Плетвар и постанаа комити. Нивната куќа има остаток од ѕидот помеѓу оградите на Николовци и Новачевци.   

Продолжува

Loading