СЛОБОДНИ КРЕВЕТИ В БОЛНИЦА

,,Болницата располага со најмалку 25 кревети во модуларниот дел за сместување на пациенти, заразени со корона вирусот,,. Ова го изјави В.Д. директорот Кети Смилеска, додавајќи дека во последнава недела дневно се вакцинираат просечно над 50 прилепчани на еден пункт во Здравствениот дом, од 60 барања испратени преку матичните лекари, што е одѕив над 80 отсто.

Според Смилеска, на стартната недела во просек се имунизираа 75 лица дневно, од 90 пријавени.

Како што е познато во оваа фаза се вакцинираат граѓаните на возраст од над 77 години. Прилеп засега има добиено 900 дози од вакцината Астра Зенека. По првата доза, нема индиции за некои несакани последици по здавјето.

Речиси е при крај вакцинирањето на здравствените работници. Во Скопје веќе се имунирани дел од полицијата и армијата од Приеп. Се очекува да се пристапи кон вакцинација на наставниците на децата до трето одделение, персоналот и станарите на старскиот дом.

Инаку, од 29 март до 4 април, според Центарот за јавно здравје, евидентирани се 372 нови случаи на Ковид-19, а битката со болеста ја загубиле 18 лица. Активни се 1.099 случаи, од кои 141 се на болнички третман.

Од лани досега вкупно се заразиле 7.304 лица, а короната однесе 345 животи.

Loading